Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетици воздушни бази се во домет на украинскиот АТАКМС во Русија

0
By Zoran Ivanov on November 18, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 18, 2024 13:41

Станува збор за бројка од најмалку 245 руски цели кои би биле на дострел на АТАКМС. А како најпогодени региони кои би биле гранатирани од страна на Украинците се посочуваат пределите долж украинско-руската граница како Белгород, Курск, Брјанск и Смоленск.

Експертите за оружје, кои ги анализираат состојбите во Украина велат дека дозволата од Западот на Украина да ги употребува американски ракети со долг дострел АТАКМС за гаѓање цели во Русија ќе создадат значителни предности на воените полиња стрелајќи кон потенцијалните цели во Русија.

Сепак, дел од западните медиуми во исто време се воздржани кон тоа дали со овој чекор на Белата куќа ќе може да направи промена во состојбите на терен каде Русите значително напредуваа изминатиот период.

Од она што се наведува во светските агенции, станува збор за бројка од најмалку 245 руски цели кои би биле на дострел на АТАКМС. А како најпогодени региони кои би биле гранатирани од страна на Украинците се посочуваат пределите долж украинско-руската граница како Белгород, Курск, Брјанск и Смоленск и други.

Десетици стратешки руски воени бази во дометот на АТАКМС?

Како што неодамна објави на оваа тема „Политико“, десетици руски воздушни бази се во домет на украинскиот АТАКМС во Русија. Потврда за тоа е и фактот што Русите наводно изминатиот период преместиле авиони од неколку воздушни бази кои се во домет на американскиот ракетен систем и стотици други руски воени инсталации.

Сепак, како што наведува медиумот, не се знае точно колку АТАКМС има Украина, но се знае дека имаат најмалку 245 руски цели на дострел.

Институтот за проучување на војната-ISW, претходно објави дека максималниот опсег на украинскиот ХИМАРС, кој САД ѝ дозволува на Украина да го користи во Русија под ограничени околности, е гаѓање на дваесетина од овие објекти.

Паралелно на ова, „Институтот за проучување на војната“ објави и список на познати воени објекти претходно ова лето за да го илустрира степенот до кој американските ограничувања за употребата на АТАКМС од Украина ја ограничуваат способноста на Украина да напаѓа клучна воена инфраструктура во Русија.

Меѓутоа, откако Путин распореди севернокорејски војници во Курск, Бајден реши да ѝ ги „одврзе рацете на Украина“, а сега прашање е дали Зеленски ќе го искористи тоа и каков може да биде одговорот на рускиот претседател Владимир Путин.

АП неодамна цитираше украински командант во јуни 2024 година кој тврдеше дека украинските сили би можеле да ги нападнат командните пунктови на руската бригада во голем обем доколку САД одобрат употреба на АТАКМС од Украина за удар на руска територија, но во моментов не можат затоа што Русија распореди таква команда и контрола на област од 100 до 150 километри од линијата на фронтот – територија која е надвор од опсегот на ХИМАРС, но сè уште во опсегот на АТАКМС.

Исто така, треба да се напомене дека на списокот од 245 објекти не се вклучени различните теренски кампови и други бази што руската војска ги изгради во близина на Украина за поддршка на војната. Според ISW, овие списоци идентификуваат само дел од сите воени објекти во опсегот на АТАКМС.

Москва се подготвува за одговор од евентуален напад на руска територија

Од друга страна руската државна телевизија неодамна исто така емитуваше мапа на Русија на која беа прикажани областите за кои беше посочено дека Украина може да ги нападне со оружје што го испорачува Западот.

Тоа доаѓа откако администрацијата на Бајден соопшти дека ѝ дозволила на Украина да користи американско оружје за да нападне одредени цели во Русија.

За време на емитувањето на програмата, водителката на емисијата Олга Скабеева реагираше на случувањата со прикажување на мапа на региони за кои рече дека може да бидат погодени од оружјето што ѝ се доставува на Украина.

Денес ХИМАРС, утре – АТАКМС, изјави Скабеева која тврди дека сега се случува „фазна ескалација“.

Текстот е пренесен од Слободен печат.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.