Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Ќе се обезбеди пристап до образование за сите деца

0
By Нова ТВ on December 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Формирана е работна група за измени и дополнувања на законите за основно и средно образование со цел олеснување на образовниот процес и пристап до образование за сите деца и очекуваме веќе следната година законски измени кои ќе обезбедат пристап до образование на сите деца вклучително и децата со попреченост, изјави денеска министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Дескоска на отворањето на конференцијата „Креирање на инклузивни услуги за деца и лица со попреченост“ на УНДП, рече дека Македонија како потписничка на   Конвенцијата на ОН за права на лицата со посебни потреби од 2007 година се обврза децата со попреченост да имаат право и можност да го остварат правото на образование кое е вклучено во Уставот и значи обврска на институциите да го обезбедат.

– Правото на образование значи право на сите деца на пристап до образование и да стекнуваат знаења што ќе им го отворат патот за подобар живот, а правото на еднаквост значи право на сите да не бидат разликувани по однос на никаков статус. Според работната верзија, се планира редефинирања на специјалните училишта кои треба да прераснат во ресурсни центри кои ќе бидат поддршка на училиштата. Законските измени ќе бидат засновани на операционализација на забраната за дискриминација, изјави Дескоска.

Посочи дека освен законските измени, потребна е и институционална поддршка на овие деца, овозможување на физички пристап до училиштата преку изградба на пристапни рампи, тоалети, како и обезбедување софтвер за читање на лицата со попреченост што, како што рече, ќе бидат едни од топ приоритетите за следната година на Министерството.

Во рамки на проектот на УНДП обучени се 140 лица од 18 општини кои денеска добија сертификати за завршена обука за личен и персонален асистент што ќе овозможат децата со попреченост да бидат подобро вклучени во образовниот систем на локално ниво.

Дескоска измени образование основно средно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.