Ќе има ревизија на учебниците и таа ќе се спроведува законски, најави денеска министерката за образование и наука, Рената Дескоска.
Според неа ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти и ќе бидат опфатени сите учебници во кои се нотирани грешки, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи. Министерката најави и зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование за пет отсто.