Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Подготовката за закон за ЈО е завршена, очекувам поддршка во Парламентот

0
By Нова ТВ on June 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 17, 2019 12:21

Законската рамка за јавното обвинителство предложена од Министерството за правда е пофалена од меѓународната заедница и очекувам сите политички партии во парламентот да ги стават како приоритетни интересите на нашата држава, пред личните интереси, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

Посочи дека законската рамка предложена од Министерството за правда е пофалена од меѓународната заедница како соодветна за регулирање на прашањата, кои што треба да бидат опфатени со новиот Закон за јавно обвинителство.

-Нашата обврска од аспект на подготовка на квалитетен закон е завршена. Очекувам сите политички партии, кои што се во Парламентот и сите пратенички групи да ги стават како приоритетни интересите на нашата држава за евроинтеграција, пред личните интереси на лица за кои што се водат постапки од страна на СЈО, изјави Дескоска.

Прашана дали очекува поддршка од ДУИ за Законот за јавно обвинителство, Дескоска рече дека очекува поддршка од сите.

– Очекувам поддршка од сите, не само од тие што се во власта, туку и тие што се во опозиција, бидејќи ова е закон што може да се донесе само со двотретинско мнозинство, истакна Дескоска.

За тоа дали реформите во правосудството се продуктивни, во случај кога нема кривична одговорност од ниту еден судија и обвинител, Дескоска, рече дека сите закони кои се носат во изминатиот период создаваат многу прецизни и јасни основи за воспоставување на одговорност за сите кои ќе бидат прекршители на законот.

– Одговорноста на Министерството за правда е да предложи квалитетна законска рамка, а одговорност на Јавното обвинителство, на судството е да ја спроведат. Очекувам дека сите ќе бидат свесни за својата одговорност и ќе овозможат ефектуирање на законските одредби кои што се носат. Сега имаме јасни одредби за разрешување на судии и очекувам дека Судскиот совет ќе си постапува по новиот закон за судови, изјави Дескоска.

Министерката Дескоска денеска присуствуваше на конференција посветена на функционалноста на АКМИС системот во судовите, во организација на Министерството за правда и амбасадата на САД.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.