Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деспотовски: Продолжува растот работни места и извозот во ТИРЗ

0
By Нова ТВ on February 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 14, 2021 13:02

Во технолошко индустриските зони продолжува трендот на зголемени активности и позитивни економски движења – покажува анализата на ТИРЗ за почетокот од годинава. Компаниите, како што соопштуваат од Дирекцијата на ТИРЗ, кои се активни во зоните продолжуваат да го зголемуваат своето учество во вкупната економија во земјава. 

Вкупниот извоз од зоните во јануари 2021 е за речиси 34 отсто зголемен во однос на јануари 2020 година. Бројките покажуваат дека компаниите во зоните биле најмногу погодени од пандемијата, но имаат и најголем потенцијал за брзо закрепнување. Трендот на раст почнува од август, со зголемени активности и во однос на истиот период од претходната година при што врвот од 100 проценти е достигнат во октомври. Компаниите-инвеститори во ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 45% отсто удел во целокупниот извоз или 2,6 милијарди евра за последната година.

Во соопштението додаваат дека и во однос на увозот во рамки на зоните е регистриран раст од над 62 отсто во јануари 2021 година споредено со истиот период лани. -Во зоните е регистриран и позитивен тренд во однос на нето извозот од +17,4 отсто, односно поголема покриеност на увозот со извоз во однос претходната година. Во националната економија покриеноста на увозот со извозот е минус 24 отсто, стои во соопштението.

Во него се додава дека во првиот месец од годинава ТИРЗ бележи благ тренд на пораст на вработени во зоните во кои во моментов работат над 14 000 лица. -ТИРЗ, додаваат, развива нов сет мерки за поттикнување на компаниите предвреме да ги исполнуваат своите таргети за вработувања и преземени инвестиции.

-Овој нов квалитет во нашите односи, во односите на Владата со инвеститорите го гледаме и во тоа што ги поттикнуваме компаниите не само да ги исполнуваат своите инвестициски планови туку да одат и побрзо со исполнување на роковите и во однос на обем на инвестиција и во однос на работни места, па дополнително она што е исто така многу важно и во смисла на зголемување на платите. Конкретно компанијата Гентерм е еден од позитивните примери коишто минатата година го достигна предвидениот број на работни места од над 2000 луѓе кои инаку по договорот за државна помош требаше да го достигне во 2024 година. Меѓутоа компанијата не беше сама во тој проект. Државата, Дирекцијата, Владата застана позади тоа и исто така пред време, значи четири години пред истекот на рокот си го исполни својот дел на обврската. Со тоа испраќаме јасна порака до инвеститорите дека сакаме да ги реализираат своите сопствени инвестициски планови и тоа да го направат побрзо и подинамично, вели Јован  Деспотовски, директор на ДТИРЗ.

Истовремено кај инвеститорите, наведуваат од ТИРЗ, има позитивни реакции и подготвеност заедно со ТИРЗ да работат на мерки и програми со кои ќе се поттикне и раст на платите преку зголемена продуктивност на трудот.

Посочуваат дека новиот концепт во работењето на ТИРЗ се базира на четири столба: привлекување странски инвестиции со поголем квалитет, отворање кон домашните инвеститори, нов систем на државна помош според потребите на потенцијалниот инвеститор дополнет со сет мерки за зголемување на плати и поголема продуктивност на трудот, како и нов концепт на “after care“ односно грижа за корисници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.