Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детално за изменетата сообраќајна траса денес на градските автобуси во Скопје

0
By Соња Крамарска on July 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради најавената блокада на улица „11 Октомври“ (пред Собрание на РСМ), возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот, односно ќе бидат пренасочени по околните сообраќајници.

По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии:

Линии 3, 3А и 3Б

* Во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама

*Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „ЈорданМијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунскикомбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линија 4

* Во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица„Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), па преку улица „11 Октомври“ ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 4А

* Во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил иМетодиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќепродолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата редовна траса

* Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, падесно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува посвојата редовна траса

Линија 5

* Во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, па право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, падесно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува посвојата редовнаа траса

Линија 7

* Во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“,кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 15

* Во насока од Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил иМетодиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линии 21, 21A, 21Б и 22

* Во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, од кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Петков Мисирков“, па лево по булевар „Гоце Делчев“, па побулевар „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по своите редовни траси

* Во обратна насока ќе се движат по истата изменета траса

Линија 23

* Во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил иМетодиј“ до Дом на печат

*Во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, десно по улица„Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 24

* Во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, од кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил иМетодиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 26

* Во насока од Карпош кон Железара, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти лево по мост ГоцеДелчев, па по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Крсте Петков Мисирков“ и ќе продолжува по својата редовна траса

* Во обратна насока ќе се движи по истата изменета траса

Линии 27, 33 и 44

* Во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил иМетодиј“ до Дом на печат

* Во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, па десно по улица„Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), ул. „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по својата траса

Линија 41А

* Во насока од населба Драчево кон Клинички центар, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево поулица „Кирил и Методиј“, па лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар

* Во обратна насока, од булевар „Климент Охридски“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно поулица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линии 43, 50, 50А, 57, 57А и 59

*Во правец на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртатдесно по булевар „Гоце Делчев“, а после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат посвоите редовни траси

*Во обратна насока ќе се движат по истите изменети траси

градски сообраќај изменет режим Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.