Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Децата нема да се праќаат во странство-ќе се оперираат во Филип Втори

0
By Менче Атанасова Точи on December 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Децата кои треба да се оперираат на срце нема веќе да се праќаат во странство. Тим од јавното здравство на чело со доктор Владимир Чадиковски се сели во приватната болница „Филип Втори“ на Жан Митрев. За најтешките случаи ќе се бара помош од стручњак од Бугарија кој ќе доаѓа на повик, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој  нагласи дека за тешките случаи кои не можат да се решат во државата ќе одлучува тим од сите институции.

Надлежните во здравството сметаат дека на ваков начин државата ќе заштеди, а со проектот јавно -приватно партнерство со кардиохиругија Филип Втори ќе има одлични услови за лекување на овие деца.

Филипче соопшти дека додека не биде готов новиот Клинички центар, ќе се оди на вакви модели на јавно приватно партнерство.

„Трошокот за овој договор ќе остане ист, услугите кои ги купува Фондот од Детската кардиохирургија, сега ќе ги купува од друго место. Очекуваме за ист трошок да имаме подобри услови за работа на лекарите, за престој на децата и нивните семејства. Ова е модел со кој сакаме докторите да ги задржиме во нашата земја. Додека не биде готов новиот Клиничкиот центар, не можеме да исполниме инфраструктурни услови за нови методи, посебно за тие кои бараат мултидисциплинарен пристап, а тоа значи повеќе специјалности на едно место со цел да се направи нова метода и интервенција. Очекуваме дека со ова дополнително ќе бидат стимулирани докторите и медицинските сестри“ нагласи Филипче.

Министерот смета дека освен што ќе се заштеди сума пари кои сега одат кај странските едукатори, туку и планира и Центарот да стане регионален.

„Очекуваме овој центар да стане регионален, без конкуренција во целиот регион. Очекуваме дека овој модел ќе го преземат и околните земји, бидејќи со одлив на здравствен кадар се соочуваат и Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Косово“, рече Филипче.

Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев рече дека наместо за некои од тие услуги за лекување деца странство да плаќааат на странска здравствена институција, тоа ќе го прават на нашите здравствени здравствени установи. Тој посочи дека кардиохирушките интервенции кои ќе се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да бидат на товар на Фондот како и досега. Буџетот кој го издвојува Фондот за оваа намена планирано е да остане  ист, а планираат долгорочно ова партнерство да резултира со создавање центар на извонредност.

„Веруваме дека преку овој проект значително ќе ја намалиме бројката на дечиња кои ги праќаме во странство за овој тип интервенција. Фондот во просек обезбедува милион евра на годишно ниво за здравствени услуги за детска кардиохирургија на домашната клиника. Во просек испраќаме годишно околу 20 деца во странство за кардиоваскуларни интервенции. Една здравствена интервенција чини од 15.000 до 20.000 евра. Тоа се дополнителни 300.000 до 400.000 евра во просек кои Фондот ги обезбедува за лекување на децата во последните неколку години. Средствата кои Фондот ќе продолжи да ги обезбедува за овие здравствени услуги ќе бидат на исто ниво, но условите за работа ќе бидат значително подобри. Тоа е најголемата мотивација бидејќи го реализираме ова јавно-приватно партнерство“, истакна Дончев.

Надлежните се откажаа од планот за државна детска кардиохирургија бидеќи, како што велат, тоа е голема инвестиција.

Но, она што загрижува е моментот на транспарентност кој досега го немаше од страна на приватните болници. Јавноста досега немаше увид во процентот на смртност ниту, во другите аспекти на работењето на приватните болниците. Често новинарите при поставување на вакви прашања наидуваа на отпор од сопствениците и закани со тужби.

Министерот Филипче вети дека се што ги интересира новинарите и целокупната јавност за работењето во кардиохиругијата Фипип Втори, како и во другите приватни болници, информациите можат да го добијат преку Министерството за здравство.

детска кардиохирургија Дончев Филипче Чадиковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.