Децата спасени од пештерата од Тајланд и нивниот тренер го опишаа своето спасување од поплавената пештера како чудо и им се заблагодарија на експертите кои ги спасиле.
По излегувањето од болницата вчера, тие на прес конференција говореа за тоа како ова искуство ќе влијае на понатамошниот живот.
Во првото појавување во јавноста по излегувањето од пештерата минатата недела, момчињата ја раскажаа својата страна на неверојатната приказна која го окупира вниманието на целиот свет.
Облечени во дресовите на нивниот фудбалски тим „Диви вепри“, по излегувањето од болницата, момчињата и нивниот тренер се појавија насмеани и релаксирани пред огромен број новинари и речиси сите светски медиуми.
Децата се претставија со своите имиња и прекари и позициите во тимот, додека покрај нив седеа тајландските морнари кои учествуваа во нивното спасување и членовите на медицинскиот тим.
На прес-конференцијата, за која прашањата од новинарите беа однапред пратени и одобрени од психијатри, момчињата раскажуваа за моментот кога сфатиле дека се заробени, за тоа како се прилагодиле на ситуацијата и за радоста кога десет дена подоцна биле пронајдени.
Повеќе од 100 прашања беа испратени од медиумите, но биле избрани само неколку.
Зошто влегле во пештерата?
Се до вчера, прашањето, зошто децата влегле во пештерата, беше во доменот на шпекулации – дека било дел од некаков обреди или да го спрослават роденденот на еден член на тимот.
Тренерот 25-годишниот Екапол Чантавонг објасни дека момчињата биле само љубопитни да погледнат како изгледа внатрешноста на пештерата Там Луанг, бидејќи некои од нив никогаш досега не биле таму. Тој рече дека вакви заеднички активности надвор од тренингот не биле невообичани за тимот.
Истражувањето на подземните тунели траело околу еден час, пред да одлучат да се вратат назад. Но, за тоа време, како резултат на дождовите пештерата почнала да се поплавува и излезот бил блокиран.
-Тогаш некој рече дека сме изгубени, раскажуваше тренерот Аке, но како што рече, тој ги убедувал децата ќе биде се во ред.
Но назбро, како што објасни, сфатиле дека се згалавени во длабочината на пештерата, бидејќи влезот бил поплавен. Поради тоа, групата навлегувала подлабоко во пештерата за да најдат место каде би ја минале ноќта.
-Продолживме уште околу 200 метри. Таму најдовме сув простор каде имаше и мал извор на вода во внатрешноста на пештерата. Како што рече, водата која капе од пештерата е почиста од онаа што навлегува во пештерата.
-Им реков дека е подобро да се биде близу до извор на вода, рече Аке.
Раскажувајќи за првата помината ноќ тој рече дека побарал од децата да кажат молитва и да си легнат. Тој говореше дека децата воопшто не се исплашиле и дека секој ден го почнувале со надеѓ дека следниот, нивото на водата ќе се намали и тие ќе излезат од пештерата.
Копале во потрага по излез
Но нивото на водата наместо да се намалува само се покачувало. Аке го опиша моментот кога го слушнал звукот на вода која надоѓа и го следел нивото како брзо се покачува. Тој одлучил групата да најде повисоко место. Загрижен дека наскоро би можеле да бидат поплавени, тој им наложи на момчињата да почнат да копаат и да бараат потенцијален излез.
Последниот оброк што го имале децата бил по тренингот. За цело време тие пиеле само вода од пештерата.
-Се обидов да не размислувам за храна, бидејќи ќе ми ја поттикнеше гладта, рече најмладиот од момчињата, 11-годишниот Ханин “Титан” Вибрунрунгруан.
Моментот кога биле пронајдени
Адун Сам-он, 14-годишното момче, кое стана познато по контактот на англиски јазик со нуркачот кој прв стигна до групата, зборуваше за шокот кога сфатиле дека се пронајдени.
Звуците во пештерата ги слушнале додека копале во потрага по излез. Во следниот момент нуркачите веќе го пробиле патот до нив и Адун едвај изустил „здраво“.
-Мислев дека е чудо. Не знаев што да кажам, рече Адун.
Момчињата потоа говореа за соработката со тајландските морнари кои останале со нив во пештерата додека спасувачите разработувале план за извлекување. Децата опишуваа дека играле друштвени игри, најчесто „дама“ и посочија на еден од морнарите кој седеше до нив на прес конференцијата, дека секогаш победувал.
-Тој беше крал на пештерата, рече Титан.
Кога била донесена одлуката да почне извлекувањето, тренерот Аке се пошегува дека за тоа кој ќе оди прв, тој и момчињата одлучиле врз основа на тоа кој живеел најдалеку.