Децата со аутизам, тие со посебни потреби ќе можат да се движат во било кое време на денот или ноќта за време на Велигден кога има забрана за движење од 85 часа, одлучи Комисијата за заразни болести.

„Се дозволи движење на децата со аутизам со еден родител , тие имаат свој терк на излегување и доколку се спречи,  тоа може да ја комплицира нивната здравствена состојба. Лицата со посебни потреби можат да излезат во било кое време, доволно е со себе да носат документ од категоризација или медицински извештај“, изјави министерот Филипче.