Деветмина членови на едно семејство од Тетово, се затруле со досега најопасната печурка на овие простори, аманита.
Затруените вчера попладне со возило на Итна медицинска помош биле донесени на Клиниката за токсикологија, а меѓу нив и петмесечно бебе. Осуммина биле задржани во оваа установа, а бебето било префрлeно на Клиниката за детски болести. Тие вечера попладне биле донесени на Клиниката за токсикологија.
– Беа донесени со лесна клиничка слика. Решивме да ги опсервиравме. Кај четворица вчера направивме метода за детоксикација, прочистување на крвта. Но денес веќе кај пет пациенти лабораториските анализи покажуваат влошување на состојбата – вели д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсиколија.
Од Клиниката за детски болести велат дека бебето е во добра состојба.
– Го примивме поради претпазливост. Мајката го доела бебето, па се сомневавме токсинот преку млекото да не дојде и до него. До сега сите анализи се во ред. Најверојатно не е затруено. Утре се ќе биде појасно, бидејќи опсервацијата трае најмалку 48 часа – велат од клиниката.
Сите затруени јаделе од печурките кои ги собирал еден член од семејството.




