39-годипниот Чарлс Ваца, инструктор по пукање, бил убиен во понеделникот откако 9-годишно девојче случајно пукало во него на стрелиште во Вајт Хилс, објавува Би-Би-Си.
Девојчето на стрелиштетот дошло со родителите, но откако го повлекла орозот повратниот урад и ја отфрлил пушката и таа изгубила контрола над оружјето.
Девојчето, како што се гледа на снимката, успешно го изведува првото пукање од пушката „узи“ кога е подесена на поединечно пукање, но кога било префрлено на рафално стрелање, ударот бил пресилен за девојчето и куршумите го погодиле инструкторот кој стоел покрај неа.
Ваца умрел набрзо откако бил префрлен во Универзитетско медицинскиот центар во Лас Вегас, соопштиле од полицијата на округот Мохаве.