Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деветте теории на заговор со кои се објаснува скандалот со корупција во Турција

0
By Нова ТВ on December 29, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 29, 2013 10:38

Кој е виновникот за големата корупција, бидејќи според наводите таа оди до самиот врв на Владата на Ердоган? Повеќе од 50-ина луѓе се вмешани, многу од нив доста блиски до моќниот премиер на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Во истрагата се вмешани бизнис магнати блиски до Ердоган, синовите на три од неговите министри и шефот на државната банка. Истрагата главно се фокусира на наводите за мито, голем дел од неа поврзани за проекти за масивни градби со кои се редефинираат градовите во Турција. На повидок се повеќе притвори, пишува „BuzzFeed“.

1. САД се обидува да ја ослаби Турција бидејќи стана премногу силна и премногу независна

„Америка се обидува да се ослободи од Ердоган“, пишува во една од колумните на про-владиниот весник „Саба“. Авторот на колумната цитира примероци од неодамнешната „пргавост“ на Турција кон Вашингтон, а тоа е купувањето на проектили од Кина. Како и несогласувањата на Турција за санкции за Иран.

Еден од врвните советници на Ердоган, Ертен Ајдин вели „Аргументите како овој (теоријата на заговор за САД и Турција) дека сакаат да се стопира Турција, неподнесувајќи ја моќта на земјата можеби звучат клише, сепак има вистина во овие аргументи“, вели Ајдин во коментар објавен во локален медиум. „Фактот што бројот на популацијата во Турција расте, предизвика негодување кај Западот…сега Турција има што да каже и тие мора да не слушнат“.

Сепак американските власти негираат. „Немојте да не вовлекувате нас во вашата фамилијарна караница. Ние не сме вмешани, не само бидејќи тоа не е соодветно, но и не можеме. Како странци, она што ние го правиме е покажување почит кон демократијата на Турција“, изјавија оттаму за турските новинари.

2. Неоконзервативците во САД се тие кои што сакаат да ја ослабат Турција

Серен Кенар, турски политички коментатор и колумнист, посочи потенцијален проблем со анти-САД наративот: Вашингтон е клучен сојузник за членството во НАТО на Турција. „Некои луѓе може да прашаат како можете да бидете сојузници со САД и уште да ги етикетирате како заговорници. Така да тоа е посебна теорија“, вели таа, објаснувајќи го аргументот, „тие не зборуваат за претседателот Обама – велат дека тоа е неоконзерватичкото лоби. Постои добра Америка и лоша Америка. Ние го сакаме Обама, и знаеме дека Обама нема лоши намери кон Турција. Сепак тука е исто така лошата Америка, и таа сака да ја повреди Турција“.

3. Израел сака да ја ослаби Турција

Овој аргумент секогаш циркулира во Турција, вели Серен Кенар. „Имаме Премиер кој е единствениот лидер на Блискиот Исток кој може да му се спротистави на Израел. И овој скандал со корупцијата се случи поради тоа што Израел е вознемирен“.

4. Израелските и американските неоконзервативци сакаа да ја казнат турската банка за отфрлање на санкциите за Иран, и го спроведоа овој скандал со таа намера

Истрагата со корупцијата вклучува наводи за мито, повреда на закон и шверц на злато. Се осврнува и на Халкбанка, државната банка чии главен извршител е приведен на распит. Халкбанка раководи со купувањето на нафта и гас од Иран, а банката привлече сомневање од американски официјални лица кои веруваат дека можно е токму таа да му помогнала на Иран да ги избегне меѓународните санкции.

Според Џемил Ертем, турски економист и коментатор, американските неокозервативци сигурно помогнале мотивирани од желбата да се ослаби Иран, и да се измести надворешната политика на Обама. „Нема само една Америка“, вели тој.

5. Поради глобалниот финансиски систем во Турција

Турција беше рекламирана нашироко поради економските придобивки под водство на Ердоган. Привлекува доста странски инвестиции, а своите бизниси ги шири на меѓународно ниво. Една од сториите во турскиот весник „Стар“ вели „вистинската причина за операцијата е поттикната поради растечката економија на Турција надвор од своите граници“.

Турскиот про-владин дневен весник „Саба“ оди дотаму што претпоставува дека турските финансии се претвориле во закана за другите земји и финансиски институции. „Се чини дека бирократската олигархија која е лојална на финансиските угнетувачи, го притисна копчето за добивање меѓународна поддршка со цел да се забави растечка Турција“, пишува во еден од написите.

6. Зад корупцискиот скандал стои војската

Станува збор за една значително отсутна теорија. Турската војска има долга историја на вмешаност во политиката, спроведувајќи неколку удари. Но, оваа теорија многу малку добива на значење во сегашниот круг на шпекулации. Аналитичарите за ова дискутираат дека претставува успех за Ердоган, бидејќи ја турка армијата да се врати во касарните, и ја држи таму.

7. Фетула Гулен, моќен турски свештеник кој има поминато речиси 15 години во самонаметнат егзил на фарма во Пенсилванија…

… ги инфилтрирал своите лојалисти длабоко во полицијата на Турција, во судството, како и разузнавачките апарати, а скандалот со корупцијата е последниот негов потег на внатрешната граѓанска војна меѓу Гулен и Ердоган, која ескалираше оваа есен кога Ердоган се обиде да затвори еден куп приватни училишта со кои раководи организацијата на Гулен, која ги подготвува студентите за приемните испити на колеџ.

Всушност, ова е конвенционална мудрост и во Турција и во странство. Гулен контролира исламистичко движење низ целиот свет, за кое се верува дека има значително влијание меѓу политичката и бизнис елитата во Турција. Тој и Ердоган некогаш биле блиски сојузници, кои работеле заедно за да ја извлечат армијата од политиката, и да ги олеснат религиозните ограничувања во секуларната држава. Но сега кога заканата од армијата е стивната, двајцата се свртени еден против друг.

Гулен можеби се обидува да го ослабне владеењето на Ердоган пред важните локални избори закажани за следната година, можеби со цел да ја спречи очекуваната кандидатура за претседател. Ердоган, во меѓувреме, се очекува да одговори на нападите со тоа што ќе ја зацврсти контролата врз организацијата на Гулен во Турција. Се верува дека ниту едниот ниту другиот нема да се повлече лесно, со што се отвора идејата, за како што ја нарекува еден аналитичар-ветеран во турската политика, „мајката на сите битки“ во земјата.

8. „Масовната сторија“ за теории на заговор

Керем Октем, стипендист на Оксфорд кој пишува за модерна Турција, вели дека различните теории на заговор, заедно поттикнале наратив спроведен од Владата уште од протестите кои се случуваа летово.

„Постои голем приказна која се забрза после протестите. А тоа е дека партијата на Ердоган ужива најголема поддршка во историјата на Турција. Дека Турција се претвора во моќна земја, а постои внатрешни и надворешни центри кои не го сакаат тоа“, вели Октем. Според него Турција е во тесно и мора да се одбрани самата од овие напади, со цел да ја одржи демократијата.

„Вистинскиот проблем, е тоа што земјата е длабоко корумпирана“, потенцира Керем Октем.

9. Заборавената теорија

Октем вели: „Постои можност секако, дека не се работи за борба за моќ, туку за истрага покрената од луѓе посветени на правдата. Можеби мали се шансите, но тоа не е невозможно“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.