Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Девојче со Даунов синдром мора да чека со месеци за снимање

0
By Менче Атанасова Точи on May 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 19, 2016 15:44

Верче Туфекчиева има девет години, Даунов синдром и голем проблем за кој не може да најде решение. Ова девојче од почетокот на мај има силни болки во коленото кои ја спречуваат да оди, а снимањето на магнетна резонанца преку „Мој термин“ и е закажано дури за септември. Електронскиот систем „Мој термин“ покажал прв слободен термин во септември, а приоритен упат кој се користи во итни случаи, не можело да се добие.

Нејзината мајка Анче, вели вели дека септември е далеку, а Верче има силни болки и веќе не може да се движи. Таа прашува, како е возможно да не постои начин ваквите случаи да се снимаат побрзо. Особено како е возможно лицата со посебни потреби, како и децата со Даунов синдром да немаат предност, да не мораат да чекаат за снимања.

„Многу се разочаравме зарем детето ќе го оставиме до септември во кревет неподвижно без да се утврди што е проблемот без да може да се лекува, а со тоа и да и се намалат и болките“, вели за НОВА нејзината мајка, Анче Туфекчиева.

verce 2 n

Анче за НОВА раскажува дека нејзината ќерка Верче е многу борбено девојче, но болката која ја мачи скоро цела година, а во последниот месец е многу силна ја онеспособува да се движи. Поминале многу лекари, ортопеди, ревматолози, ендокринолози, кардиолози, но ниту еден на нашол во што е проблемот. За тоа време поради лошото газење, потпирање само на прстите и штедење на ногата, довело до искривување на коските кај прстите на нозете.

“Секое утро се будиме и гледаме како таа ќе стане дали ќе има болки или не. На 2 мај оваа година Верче стана утрото со страшни болки во левото колено. Можеби таа неможе уште да зборува но, точно знае што сака и точно знае што ја боли. Ја задржаа на детска клиника четири дена и ни рекоа дека е ортопедски проблем. На крај остана само да се направи магнетна резонанца. Но, ете како што кажав снимањето ни го закажаа дури за во септември“, раскажува Анче Туфекчиева.

slika verce jpg

 

Борбата на семејствата кои живееат со лица со посебни потреби значи секојдневна борба со околината за да им се покаже дека тоа дете е исто како сите, дека никогаш нема да направи ништо лошо и дека и тоа како дел од оваа човештво ги заслужува истите права како секој граѓанин на оваа земја, објаснува оваа жена.

„Нашата приказна секој ден е различна се бориме со сите препреки, станавме и доктори и наставници и логопеди и дефектолози, затоа што на секој начин сакаме да помогнеме на своите деца“ вели Анче Туфекџиева.

Семејството на Верче искрено се надеваат дека здравствениот систем ќе им помогне да го остварат правото на лекување на Верче, за таа повторно да може да застане на свои нозе.

НОВА испрати прашања до Министерството за здравство, дали луѓето со посебни потреби имаат некаква предност во однос на закажување преку „Мој термин“, особено децата со Даунов синдром. Зошто за снимање на магнетна резонанаца се чека со месеци, кога се набавија нови апарати со образложение дека така ќе се намали времето на чекање. До објавување на текстот одговор не добивме.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.