Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Девојчиња биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на родителите

3
By Менче Атанасова Точи on October 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 27, 2016 17:39

Девојчиња од седмо одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица денеска биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на нивните родители. Девојчињата биле однесени во диспанзерот за вакцинација со образложение дека одат на систематски преглед, без да им биде кажано дека ќе бидат вакцинирани. Со оваа вакцина против рак на грлото на матката се опфатени девојчиња од 12 годишна возраст

Една од мајките најавува тужба до училиштето бидејќи не ја известиле дека нејзината 12 годишна ќерка ќе биде вакцинирана.

„Ова е пропуст на училиштето и ќе поднесам тужба. Утринава ќерка ми дојде да ја земе здравствената книшка и кажа дека ќе одат на систематски преглед. Но,таму ги вакцинирале, а нас како родители кои го имаме последниот збор во одлуката, не не известија за тоа. Во консултација со лекари и педијатри категорично одлучив дека ќерка ми нема да ја прима вакцината против ХПВ. Чудно е што обично за екскурзии или безначајни работи не викаат на родителски состанок, а сега кога се работи за здравјето на нашите деца не не информираа. Не прашаа ниту дали некое од девојчињата прима терапија, дали има здравствени проблеми бидејќи во таква ситуација не се прима прима вакцина “ изјави за НОВА Анета Стојчевска, мајка на едно од девојчињата кои утринава примиле вакцина против ХПВ.

1-post-card

Таа веднаш побарала објаснување во училиштето, каде што смета дека се одговорни за случајот. Директорот бил фрапиран од тоа што го слушнал и соопштил дека ќе ги казни сите штос е инволвирани, класните раководители и психологот..

За овој случај кој предизика многу негодувањa, НОВА побара објаснување од директорот Димче Атанасовски. Тој призна дека во училиштето бил направен пропус, но тој лично не бил запознаен со она што се случувало претходно.

„Сите сме затечени од тоа што се случи. Направен е пропуст и ќе понесеме  одговорност. Денеска се вакцинирани девојчињата од еден клас, утре другите. Барав објаснување од одговорните во училиштето и тие ми образложија дека од диспанзерот усно, по телефон им соопштиле дека учениците треба да одат на систематски преглед, а вакцината не била спомната“, изјави за НОВА Атанасовски.

Главна тема на расправа во училиштето, а и во градот денеска беше овој немил настан, кој можел да има и несакани последици.

hpv-vakcina

Во Здравствениот дом во Македонска Каменица, во одделот за вакцинации тврдат дека не е точно дека училиштето не било известено за вакцинацијата.

„Училиштето усно беше известено како и секогаш, дека ќе има систематски преглед и вакцинација за девојчињата од 12 години. Зошто не им го пренеле тоа на родителите и децата, не знаеме“, велат во Здравствениот дом.

Освен тужбата која ја најавува Стојчевска, овој скандал предизвика реакции и на социјалните мрежи, така што родители коментираат дека и порано имало случаи кога родителите не биле извесувани дека ќе им бидат вакцинирани против ХПВ.

Многу контраверзии предизвика вакцината против ХПВ, која веќе седум години е на листата на задолжителни вакцини, а имаше најава за казни за родителите кои нема да ги вакцинираат девојчињата. Според анализите на Институтот за јавно здравје оваа вакцинација од година во година бележи се поголем пад и има најмал опфат од сите вакцини во имунолошкиот календар. Родители на свој ризик одбиваат да ги вакцинираат своите деца поради многуте несакани реакции од оваа вакцина во светот.

Инаку, Македонија е една од трите земји во светот кои први ја воведоа оваа исклучително скапа вакцина иако клиничките испитувања за бенефитот од вакцинацијата не беа завршени. Образложението на тогашните здравствени власти, во време на екс министерот Бујар Османи беше дека така ќе се превенира ракот на грлото на матката.

 

 

девојчиња родители ХПВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
ФОКУС
February 9, 2026

Скопје: ССМ повикува на блокада на пратениците пред собранието – утре, вторник 9:00

ВЕСТИ February 9, 2026

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ…

Утре во 9 часот почнува работнички протест со блокада на пратениците

February 9, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

February 8, 2026

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.