Published: Tuesday, June 23, 2015 14:15
Девојка на возраст меѓу 25 и 30 години попладнево се самозапалила во Градскиот парк во Скопје во близина на ресторанот „Балканика“.
Идентитетот на девојката не е познат, а иако Брзата Помош успеала да пристигне за кратко време, лекарите не можеле да сторат ништо па само ја констатирале смртта. Нема информации од кои причини девојката се решила на ваков чекор.
Од МВР ја потврдуваат информацијата, но повеќе детали ќе бидат познати откако ќе заврши увидот.
Според информациите на Телма од Брза помош кај нив повикот од очевидец стигнал пред околу еден час. Безживотното тело било во јагленосана состојба и во моментот увид вршат Јавен обвинител и екипи на полицијата. Брзата помош на лице место констатирала смрт.




