НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дезинформациите за конфликтот на Блискиот исток пуштени на најјако

0
By Blerina Tahiri on October 20, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ширењето дезинформации од македонските корисници на социјалните мрежи добива на интензитете со најновите случувања на Блискиот исток. Војната помеѓу Израел и Хамас ги поттикна македонските „ дежурни“ ширачи на лажни вести, дезинформации и пропаганда да ја засилат својата активност со цел да  ја доближат само ним познатата „вистината“ на „заблудената“ и  „неосвестена“ македонска интернет публика.

Вистиномер ги анализира и дебанкира последните објави на два македонски Фејсбук профили кои шират дезинформации, од кои едниот, како актуелна содржина објавува видеоматеријал со заглавен конвој на граничниот премин Рафах, кој всушност не е од 2023 година, туку е стар повеќе од две години. Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој хуманитарна помош е од мај 2021 година, а не од 2023 година, додека  во друга Фејсбукобјава се споделуваат фотографии на кои се гледа постер за кој се тврди дека е поставен во Техеран, по почетокот на конфликтот помеѓу Израел и Палестина што се случи неодамна, но, фотографијата е извадена од контекст и не претставува скорешен настан.

Во рецензијата на Вистиномер на објавата на социјалната мрежа Фејсбук од 16 октомври во која се споделува видео се вели:

Египетски возила со хуманитарна помош чекаат пред граничниот премин Рафах, веднаш до Појасот Газа.
Во видеото се гледа конвој на амбулантни возила, како и големи камиони (шлепери) наредени во колона како чекаат на граничниот премин Рафах кој се наоѓа на границата меѓу Египет и Газа.
Објавата – заедно со ова видео на Фејсбук е пласирана на 16 октомври 2023 година, кога Ројтерс извести дека „помошта за Газа е заглавена, и дека Египет вели дека Израел не соработува“.
Египет извести во понеделникот, дека Израел не соработува со доставата на помош во Газа и евакуацијата на странски државјани низ единствениот премин кој не го контролира целосно, оставајќи стотици тони помош заглавена. Каиро вели дека преминот Рафах, потенцијално витален премин за очајно потребните залихи во Газа, не е официјално затворен, но е неоперабилен поради нападите на Израел на страната на Газа,пишува во текстот на Ројтерс.

Меѓутоа, споделениот видеоматеријал во објавата што ја рецензираме, не е од октомври 2023 година, туку е стар повеќе од две години.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој помош е од 2021 година.

Иако видеоматеријалот прикажува област во близина на преминот Рафах, што е потврдено со сателитски снимки, снимката не е од 2023 година. Египетскиот канал Ал Нахар, првпат го сподели видеото на Фејсбук на 31 мај 2021. Арапскиот опис на видеото гласи: „По третпат Египет го испраќа најдолгиот конвој помош и поддршка за Палестинците во Газа“.

По најновиот конфликт (од 7 октомври 2023 г.), пак,  стотици тони со помош од невладини организации и неколку држави, од 16 октомври, се заглавени во Египет, објави Ројтерс на 16 октомври кога Каиро кажа дека поради тоа што патиштата во Газа се под постојани бомбардирања, тие не се операбилни.

Инаку, Египет на 16 октомври, во понеделникот објави дека Израел не соработува со доставата на помош во Газа и евакуирањето на странските државјани.

Досега израелската влада не зазема позиција на отворање на Рафах границата од страната на Газа, за да се дозволи влез на помош и излез на државјани на трети земји,објави Ројтерс.
Официјални лица на САД се надеваа дека Рафах ќе биде операбилен барем неколку часа во понеделникот. Портпаролот на Белата Куќа, Џон Кирби рече дека овие надежи не се оствариле.
Војната направи доставата на помош низ Рафах да биде многу тешка, вели портпаролот на Обединетите Нации, Стефан Дујариќ. 

„Има потреба од механизам со оглед на тоа што состојбата има импликации за повеќе страни, од кои некои не се во добри односи. Работиме на тоа со клучните партнери“, изјави тој за новинарите, а пренесува Ројтерс.

Ројтерс пишува дека радио станицата поврзана со Хамас Акса, објави дека бомбардирањето на Израел го погоди преминот Рафах во понеделникот. Египетската страна на границата изгледа напуштена, а залихите беа собирани во блискиот град Ал Ариш.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во оваа објава на Фејсбук  се пропушта контекстот. Станува збор за вистинско видео, меѓутоа не е од 2023 година од неодамнешната состојба која се разгоре меѓу Израел и Хамас, туку прикажува состојба од 2021 година.

Втората рецензија на Вистиномер е за објавена фотографијата од постер, на кој е претставена иранска хиперсонична ракета, е стара. Иако се тврди дека таа претставува неодамнешна случка во Техеран, главниот град на Иран, фотографијата е, всушност, од јуни оваа година, неколку месеци пред нападот на палестинската група Хамас врз Израел

Фејсбук објава споделува фотографии на кои се гледа постер за кој се тврди дека е поставен во Техеран, по почетокот на конфликтот помеѓу Израел и Палестина што се случи неодамна. Ова не е вистина, фотографијата е извадена од контекст и не претставува скорешен настан.

Во Техеран се креваат постери кои ги рекламираат иранските хиперсонични ракети: 400 секунди до Тел Авив,пишува во објвата.

Во деновите откако милитантите на Хамас го започнаа нападот на Израел на 7 октомври, дезинформациите на интернет ги искривуваат фактите околу конфликтот. Застарените и измислени слики и видеа се извадени од контекст и се претставуваат како да се резултат од конфликтот помеѓу Израел и Газа и како да прикажуваат неодамнешни настани.

Таква е и фотографијата што е споделена во оваа Фејсбук објава. Се тврди дека претставува неодамнешна случка во Техеран, главниот град на Иран, но фотографијата е всушност, од јуни оваа година, неколку месеци пред нападот на Хамас врз Израел.

Иран постави провокативен билборд во Техеран на кој е прикажана хиперсонична ракета наречена Фатах и застрашувачка порака која гласи „400 секунди до Тел Авив“, директно загрозувајќи го најголемиот град во Израел.

Но, постерот не е поставен сега, како што тврди објавата, туку на 7 јуни и не претставува реакција на Иран по најновата ескалација на односите помеѓу Израел и Газа. Постерот осамна на улиците на Техеран еден ден по церемонијата одржана за откривањето на иранската наводна хиперсонична ракета од домашно производство, наречена Фатах, која се случила на 6 јуни оваа година.

Овој билборд, кој носи заканувачка порака и на персиски и на хебрејски, се обидува да го заплаши Израел, интензивирајќи ја и онака нестабилната ситуација во регионот во тој момент.

Иранскиот претседател, Ебрахим Раиси, присуствуваше на церемонијата за откривање на ракетата Фатах („Освојувач“), за која се тврди дека има дострел од 1.400 километри и способност да патува со брзина до 15 пати поголема од брзината на звукот. Со својата наводна способност да ги заобиколи системите за противвоздушна одбрана, Иран тврди дека ракетата Фатах може да нападне кој било регион во Израел.

Според иранската државна телевизија, новооткриената хиперсонична ракета може да ги заобиколи дури и најнапредните антибалистички ракетни системи на САД и, како што велат, „ционистичкиот режим“, вклучувајќи го и израелскиот одбранбен систем „Железна купола“.

Во согласност со пораката на транспарентот, командантот на Воздухопловните сили на ИРГЦ, бригаден генерал Амир Али Хаџизадех, за време на церемонијата на откривање на 6 јуни, истакна дека ракетата Фатах може да стигне до Тел Авив за само „400 секунди“.

Техеран има историја кога станува збор за вакви закани, како што беше и случајот во ноември 2022 година, кога иранските воени сили изразија слични предупредувања, откако го објавија нивниот успешен развој на хиперсонична балистичка ракета способна да маневрира во и надвор од атмосферата.

Новата ракета – наречена Фатах или „Освојувач“, беше претставена откако Иран рече дека повторно ќе ги отвори своите дипломатски места во Саудиска Арабија, односно откако постигна смирување на тензијата со Ријад по повеќегодишниот конфликт.

Објави од постерот со датум од 7 јуни 2023 година можат да се забележат и на социјалната мрежа X (поранешно Твитер), како уште еден доказ дека постерот не е објавен како резултат на неодамнешниот конфликт.

Постерот е реален и бил  поставен  во Техеран, ама тоа не се случило сега и не поради нападот којшто Хамас го изврши врз Израел, а потоа Израел се закани со копнена офанзива во Појасот Газа. Но објавата манипулира и тврди дека постерот е објавен сега, па затоа ја оценуваме како делумна дезинформација.

М. Д. / Цивил Медиа

дезинформации Егиет Иран лажни вести македонски Фејсбук профили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.