Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дезир, наследникот на Дуња Мијатовиќ се наоѓа пред “огромен предизвик”

0
By Светлана Јовановска on July 13, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Французот Харлем Дезир доаѓа на местото на Дуња Мијатовиќ како претставник за слободата на медиумите во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Македонија, како и сите европски и балкански земји, ќе биде дел од неговата работна агенда.

Мијатовиќ долго ја вршеше оваа функција, од 2010 година до 2016 година, и често беше цел на напади од медиумите блиски на поранешната власт во Македонија поради нејзините отворени и директни критики за слободата на медиумите кај нас.

Во своето писмо до ОБСЕ тој вели дека ќе продолжи работата на неговата претходничка, дека ќе работи со медиумите, граѓанското општество, Советот на Европа и Обединетите Нации и додава дека оваа функција останува витална за слободата на медиумите и новинарите кои и денес во Европа се жртви на закани и вербални и физички напади.

Федерацијата на европски новинари (ФЕН) не се поведува по убавите ветувања на новиот претставник за слобода на медиумите не ОБСЕ.

Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Федерацијата на европски новинари

Рикардо Гутиерез, генералниот секретар на ФЕН, изјави дека го “охрабрува да го следи примерот на борбеноста на Дуња Мијатовиќ која брилијатно ја извршуваше својата функција во текот на 7 години со одлични инцијативи, како дијалогот помеѓу синдикатите на руските и украинските новинари” или “борбата против онлајн вознемирувањето на новинарките”, вели Гутиерез.

За Гутиерез, наследникот на Мијатовиќ се наоѓа пред “огромен предизвик”. Федерацијата бара од Дезир да работи со “независни, објективни и непристрасни факти” во “соработка со граѓанското општество и медиумите” и се надева на скорешна средба со наследникот на Мијатовиќ за да му ги пренесе приоритетите на професијата.

Дезир е француски социјалист и екс министер за европски работи, роден во 1959 година на Мартиник.

Неговата кариера започнува со борбата за човекови права. Во текот на 8 години, од 1984 година до 1992 година, тој е претседател на здружението “СОС Расизам” кое во Франција имаше голем успех и беше често присутно во медиумите. Здружението организираше спектакуларни протести и концерти и беше толку популарно што Дезир стана портпарол на младите па во Франција во еден период се зборуваше за тогашната млада генерација како за “Генерација Дезир” (зборот “дезир” на француски значи “желба”).

Сепак, критичарите на неговиот граѓански ангажман велат дека оваа организација ги задушила политичките барања на милитантите за борба против расизмот.

Дезир станува член на Социјалистичката партија на Франција во 1993 година. Во 1999 година станува пратеник во Европскиот парламент а 2014 година министер за европски работи во владата на премиерот Мануел Валс.

Неговата кариера носи и eдна дамка. Во текот на 1986 година, тој е претседател на “СОС Расизам” но истовремено е вработен и во едно здружение за обука на мигранти. За таа работа тој прима плата од 8.900 франци бруто. Двете функции, според законот, не одат заедно па Дезир е условно осуден во 1998 година на 18 месеци затвор и 30.000 франци (4 500 €) казна за “злоупотреба на социјални добра”.

Дуња Мијатовиќ ОБСЕ слобода на медиуми Харлем Дезир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.