Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала ја доби наградата Солидарност за новинарите од
Југоисточна Европа за 2024 година, која ја доделува Друштвото за Југоисточна Европа
(Südosteuropa-Gesellschaft) СОГ од Минхен, Германија.
„Длабоко сум почестен и благодарен што ја добив наградата Солидарност за новинарите од
Југоисточна Европа за 2024 година. Ова признание не е само лично достигнување туку и доказ за
посветеноста и храброста на моите колеги од Цивил МК и пошироко. Од срце им благодарам на
Südosteuropa Gesellschaft и на целиот тим за оваа значајна чест. Тоа нè инспирира да продолжиме
со нашата работа за унапредување на демократијата и човековите права, поддржувајќи го
владеењето на правото и промовирање на слободите на медиумите во нашиот регион“ пишува
Дерала на социјалните мрежи.
Церемонијата на доделување на престижната награда ќе се случи на 4 јули 2024 година во
германскиот Бундестаг.