Со непотпишување на указот на Законот за јазици, претседателот го крши Уставот зашто, доколку мнозинството го изгласа по вторпат законот, претседателот е должен да го потпише, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за емисијата „Ноќно студио“.
Џафери рече дека се уште размислува и се консултира кои да бидат неговите следни чекори. Според него најважно е што спречил блокада и обезбедил да функционира Собранието во претстојниот реформски процес. Тој вели дека усвојувањето на Законот не била избрзана одлука затоа што законот бил изгласан на 11 јануари, и тој им дал два месеца на сите да се вразумат. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ според Џафаери бил ултимативен – не прифаќале компромиси, туку барале единствено Законот да биде повлечен.