Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери до Милошоски:Парите за референдум нема да се делат по пратеници

2
By Соња Петрушевска on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 24, 2018 15:35

По дописот што до  претседателот на Собранието Талат Џафери, го достави пратеникот Антонио Милошоски со кое бара да му се обезбедат средства за кампања во рефрендумот, од Собранието објаснуваат дека парите што се издвоени за кампања нема да се делат на секој пратеник одделно, туку Собранието ќе закупи медиумски простор пропорционално врз основа на бројот на вкупниот број на пратеници кои ќе се изјаснат „за“ или „против“.

„Водењето на јавна кампања не подразбира  дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво. Затоа претседателот Џафери, во текот на вчерашниот ден,  упати известување  до  пратеничките групи и до  пратениците кои не се организирани во пратенички групи,  во рок од три дена да го известат дали ќе учествуваат во јавната кампања и каков ќе биде нивниот став по референдумското прашање „за“ или „ против“. Врз основа на добиените податоци, пропорционално, Собранието ќе закупи медиумски простор  за учество на дебатни емисии, пишани медиуми и интернет портали“ објансуваат од Собранието.

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска со допис го известил Претседателот на Собранието Џафери дека ќе учествува во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став.

– Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став, бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин и е во согласност со демократските традиции на РМ од 2004 година и Кодексот на Венецијанската комисија при Советот на Европа од 2007 година, пишува Милошоски во писмото што го испратил до Џафери.

Пратеникот Милошоски, притоа бара од македонското Собрание да му обезбеди средства предвидени за таа намена.

Партијата на Милошоски, ВМРО ДПМНЕ се уште не се изјаснила дали ќе повика на бојкот. Џафери очекува во понеделник сите пратеници да го кажат својот став за да може Собранието да закупи медиумски простор за реклами.

Владата одлучи  на сметка на Собранието да префрли 80 милиони денари или 1,3 милиони евра. Кампањата ќе ја води Собранието како предлагач на референдумот.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.