Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери до опозицијата: Нема простор за партиски битки во ситуација кога сите заедно се бориме со ковид-19

0
By Нова ТВ on November 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 20, 2020 16:33

Собранието денеска во рамки на 21 седница донесе повеќе предлог-одлуки за објавување јавни огласи со кои ќе се именуваат членови во одделни комисии, во Државната комисија за жалби по јавни набавки, во Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.

Пратениците по скартена постапка го донесоа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи рече дека целта на овој предлог-закон е да се предвиди ефикасна изградба на модуларни градби за вршење на здравствена дејност поради справување со последиците од коронавирусот и прецизирање на постапката за издавање потврди за странски правни лица. Начела врз кои се заснова законот се законитост, транспарентност и ефикасност на постапките кои се предмет на измените и дополнувањата. Основните решенија се во насока на ефикасна изградба на модуларни болници и ефикасно спроведување на постапките за издавање на потврди за странски правни лица. Тој побара партениците да го поддржат овој закон поради состојбата во која се наоѓаме поради пандемијата со Ковид-19.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски смета дека овој закон е задоцнет, но добро е што се носи. Укажа дека не поднеле амандамни во интерес на итноста и додаде оти ВМРО-ДПМНЕ нема да го закочи носењето на овој закон.

По ова, пратениците од опозицијата ја напуштија собраниската сала, а претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека било договорено 20. и 21. седница да продолжат денеска последователно, а законите што се однесуваат на ученичкиот и студентскиот стандард се поврзани со анти-ковид мерките. Тој посочи на здравствена состојба во земјава и додаде дека преовладува политичката одлука, наспроти општата потреба на граѓаните и инстититуциите. Џафери потсети на сè што досега направило Собранието, како преземени мерки, спроведување протокол за обезбедување здравствени постапки и процедури во работењето на Собранието. Потенцира дека тој е во служба на граѓаните, а не во служба на политичките партии.

– Политичката одлука на опозицијата е легитимна од политички аспект. Сметам дека не соодветствува со актуелната состојба со корона вирусот и јавно ги повикувам и апелирам колегите од опозицијата да се преиспитаат, барем во овој период, во кој сите ние заедно, позиција и опозиција, граѓани, земја, регион и целиот свет се справуавме со последиците од пандемијата со Ковид-19. И верувам дека во ваква состојба нема простор за меѓусебна партиска и политичка битка, нагласи Џафери.

Потоа тој ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за нејзиното продолжение.

Од дневен ред на 21 седница беше повлечен материјалот за Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ЕUТМ RCA“ во Централна Африканска Република.

Пратениците денеска прво ја започнаа 20 седница, на чиј дневен ред беше и Предлог – закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, во второ и трето читање. Претседателот на Собранието Џафери информира дека од Владата им најавиле оти нивните претставници не можат да бидат присутни и од тука не може да се отвори расправа.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски процедурално рече дека на дневен ред има точки на кои може да се дискутира. Тој соопшти дека Предлог – законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, и на собраниска комисија реагирале дека не му е тука местото.

– И денеска е недозволиво на закажана пленарна седница, на која присуствуваат пратениците во Собранието да немаме претставници од Владата, а предлагач на овој закон е Владата, а претставници се Зоран Заев и Фатмир Битиќи, рече Мицевски и побара одговорност од Владата за присуство во Собранието. Тој побара согласно член 78, став 2, Собранието без претрес, со поддршка од најмалку десет пратеници да врши предлог на измени на редоследот на претресот на точките и побара Предлогот за избор на судија на Уставен суд, да се разгледа како прва точка на денешната седница. Џафери речде дека за тоа е дискутирано, дискусијата е завршена и додаде оти не се создадени услови за работа.

Мицевски процедурално, исто така повикувајќи се на законите, побара измена и на дневниот ред на 21. седница, односно разгледување на Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, во прво читање, поднесен од повеќе пратеници од опозицијата. Неговиот предлог не беше прифатен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.