Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери го посети македонскиот Павилјон на „Експо 2020“ во Дубаи

0
By Sashko on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери и собраниска делегацијата го посетија Павилјонот на Република Северна Македонија на „Експо 2020“ во Дубаи. Како што соопшти собраниската прес-служба, од 1 октомври 2021 година до 31 март 2022 година земјава ќе биде претставена на „Експо 2020“ во Дубаи со слоганот „Дом на секој чекор“, а под мотото „Нови можности“.

Бекри Ајдини, генерален комесар за Северна Македонија на „Експо 2020“ во Дубаи, истакна дека земјата со сопствен павилјон се презентира како успешна приказна, земја со богато историско и културно наследство, каде во хармонија живеат различни етнички заедници.

Претставена е како атрактивна туристичка дестинација во сите четири сезони што нуди можности за авантуристички спортови и највкусна храна. Посебен акцент е ставен на презентирањето на земјата како дестинација на можности за странски инвестиции, бизнис поволности и економска и трговска соработка. Со дополнителни панели се претставени и слободните економски зони, можностите за соработка во земјоделството, енергетиката и сл., истакна Ајдини.

Во текот на презентацијата, Ајдини подвлече дека интересот на компаниите од земјава за учество на „Експо 2020“ во Дубаи е на задоволително ниво, а нивното преставување генерално се одвива преку нашите стопански комори. Предвидено е учество на компании од земјава од сродни сектори во согласност со програмата и неделите на „Експо 2020“. Ќе биде максимално искористена и иницијативата „Отворен Балкан“ за блиска соработка меѓу павилјоните на Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија во рамки на „Експо 2020“.

Република Северна Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22 февруари во 2022 година, кога во рамки на „Експо 2020“ во Дубаи ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности.

Собраниската прес-служба наведува дека како гест на срдечно гостопримство, од домаќините беше организирана и посета на Павилјонот на ОАЕ и на Павилјонот на Саудиска Арабија.

„Експо 2020“ во Дубаи е најголем меѓународен настан на кој учествуваат над 190 земји, а се очекуваат над 25 милиони посетители.

„Експо 2020“ Дубаи Македонија Павилјон Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.