НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери:Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија

0
By Нова ТВ on September 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва на граѓаните и институциите им честита за спроведеното гласање, без ниту еден инцидент и со мирен и демократски процес на гласање.

– Со ова граѓаните докажаа дека припаѓаат на ниво на политичка култура на демократски развиените земји, но тоа што е најважно дека припаѓаат на големото европско семејство, рече Џафери.

Во оваа прилика Џафери им честита на сите домашни институции за мирниот изборен процес, без ниту една пријавена сериозна неправилност.

– Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија. Гласот на суверенот е тој што одлучува за иднината на оваа земја. Се надевам и се надеваме дека одлуката на суверенот е во насока на една подобра иднина за сите граѓани на Македонија, рече Џафери.

Таа одлука, како што посочи тој, ќе биде основа за идните процеси што не очекуваат во следниот период во институциите на системот.

Тој потврди дека не гласал на референдумот затоа што не фигурирал на избирачкиот список.

Одговарајќи на новинарско прашање дали се можни предвремени избори, со оглед дека премиерот Заев најави таква можност доколку нема парламентарно мнозинство за изгласување на уставните измени, претседателот на Собранието на Република Македонија рече дека Собранието ќе прави напори да обезбеди консензус по ова прашање бидејќи, како што рече не се работи за теснопартиски интереси, туку интересот на државата и граѓаните.

– Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори тоа е работа на парламентарните политички партии кои доколу обезбедат мнозинство во соодветна процедура која е пропишана во Деловникот и другите закони ќе може да се спроведат, рече Џафери. Тој не сакаше да коментира за тоа дали излезноста не е согласно нивните очекувања и кусо рече оти за бројките ќе зборува кога резултатите ќе бидат конечни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.