Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Идејата е да се вклучат во работата пратениците со Ковид-19 и оние кои се во изолација

0
By Нова ТВ on November 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека опозицијата навремено била запозната со идејата за предлогот за работа на далечина на пратениците во случај на Ковид-19 и самоизолација потенцирајќи дека дополнувањето на Предлогот на Деловникот на Собранието се однесува на пратеници кои ќе имаат решение од соодветна институција и доколку состојбата им дозволува да се вклучат онлајн, односно ако се асимптоматски случаи или со лесни симптоми на домашно лекување.

– Повикот до пратениците од опозицијата е да останат вклучени во работата на Собранието. Навреме се соопштени сите идеи. Три месеци зборуваме за тоа. Собранието нема целосно да работи онлајн. Тоа не е идејата, изјави Џафери за МИА.

Според него, за да се понуди соодветен одговор за функционално Собрание, треба да се има политичка волја.

За најавите на опозициските пратеници дека нема да учествуваат во работата на кординациите и на некои седници, Џафери истакнува дека Собранието мора да биде функционално, она за што сите се залагале во своите кампањи. Нагласува исто така дека ова е специфична ситуација на пандемија која не треба да се користи во други цели.

Во текот на оваа недела, според првиот човек на законодавниот дом ќе се вратат на работа пратеници кои биле позитивни на Ковид-19 или во самоизолација, така што може да се очекува мнозинството да има 61 глас. Сепак предупредува дека тоа никогаш не се знае имајќи ја предвид пандемијата, но и други околности. Според Џафери, предлогот, кој е во скратена постапка, по изгласувањето на потребата од носење, треба да помине на Комисија, а потоа пак да се врати на гласање на пленарна седница, така што не се знае точно кога би бил донесен.

Тој потврдува дека дополнувањето на Деовникот владејачкото мнозинство би можело да го донесе и без поддршка на опозицијата, бидејќи има потреба од такво нешто. Образложувајќи го овој став Џафери потенцираше дека има работи и закони кои се условени од пандемијата со Ковид-19 и треба да бидат изгласани додавајќи дека недавањето поддршка од страна на опозицијата за нив не е во нивен прилог.

Во предлогот нема експлицитно дека онлајн работата ќе биде само доколку пратениците се позитивни на Ковид-19 или во самоизолација туку: „доколку присуството на пратеник на седница на Собранието претставува ризик за здравјето на останатите пратеници, пратеникот е должен за тоа веднаш да го извести претседателот на Собранието и да го извести дека на седницата ќе учествува и одлучува од далечина“. Во тој случај пратеникот истовремено електронски  му доставува на претседателот  документ од надлежен орган со кој потврдува дека не може лично да присуствува на седница на Собранието.

Претседателот на Собранието, кој е и предлагач на дополнувањето, вели дека доколку опозицијата има забелешки во оваа смисла треба да ги достави и тие да се разгледаат.

– Ако имаат укажувања, коректно е да ги кажат, вели Џафери, нагласувајќи дека одредени забелешки е подготвен да ги стави во текстот.

Тој повторува дека од формалното поднесување на предлогот на 16 ноември, за што идејата била дискутирана три месеци, се поминати десет дена, а седум дена до ставањето на предложениот дневен ред за седницата во четврток.

Претседателот на Собранието Талат Џафери поднесе предлог за дополнување на Деловникот за работа на Собранието со што и се овозможило пратеници со Ковид-19 или во самоизолација да можат да се вклучат онлајн во одлучувањето на пленарните седници и на седниците на работните тела.

Во однос на забелешките на медиумите дека немаат можност за известување и пренесување на седниците од собраниските комисии, Џафери вели дека се прават напори да се опремат салата 3 и 4 во Собранието за да се може да се преземе преносот и да се има директна слика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.