Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери на средба со Сагарц: Собранието континуирано работи на агендата за евроинтеграции

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери, се сретна со европратеникот Кристијан Сагарц, известител во сенка за Северна Македонија од Европските народни партии во Европскиот парламент, кој е во прва дводневна работна посета на земјава. Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, изрази надеж посетата на европратеникот Сагарц ќе биде добра можност тој да добие јасна слика за актуелните состојби и портфолиото на државата, односно нашата спремност да ги започнеме преговорите врз основа на исполнети критериуми и заслуги.

Тој упатил и благодарност до Република Австрија за силната посветеност да обезбеди европска перспектива за земјите од регионот и да го откочи и забрза процесот на нашето интегрирање во Европската Унија.

– Во однос на актуелниот застој со кој се соочуваме, Џафери изрази надеж дека по формирањето на институциите во Бугарија по одржаните парламентарни избори, ќе се интензивира дијалогот за изнаоѓање решение за одржување на првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. Тој истакна дека Собранието континуирано работи на агендата за евроинтеграции и е подготвено за сите следни чекори што ја очекуваат земјата на патот кон Европската Унија, а информираше и за претстојниот попис во Септември и за одржувањето на редовните локални избори во Октомври, се наведува во соопштението.

Пратеникот Сагарц известил дека тој како известител во сенка за Република Северна Македонија од Европскиот парламент, во оваа своја прва посета на државата ја забележува разочараноста поради застојот во процесот на еврооинтеграции и изразил разбирање бидејќи земјата ги исполни сите услови за почеток на преговорите за членство.

Тој нагласил дека, позицијата на Европските народни партии во Европскиот парламент е дека Европската унија ќе биде цела само со вклучување на земјите од Западен Балкан. Според него, напорите во Европската Унија треба да се насочат кон што е можно побрзо отворање на пристапните преговори.

Нагласувајќи дека партнерството меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија се одвива и во други сфери, двајцата соговорници разменија мислења и во однос на борбата против нелегалната миграција и при тоа ја поздравија меѓусебната соработка изразена преку присуство на австриски полициски сили на граничните премини во Северна Македонија.

ЕУ Сагарц џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.