Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери очекува новата влада да се избере во целосно дигитализираната пленарна сала

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пленарната сала на Собранието е опремена со нова технологија и е целосно дигитализирана. Тој систем ќе биде промовиран по Нова година и се надевам дека изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала, а не во салата Купола, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери.

– Штотуку се завршени работите во пленарната сала за нејзино опремување со техничка опрема. Таа е сега завршена. По празниците треба да следи фаза на тестирање на системот, кој што треба да дава материјал за е-Парламент и за веб-страницата. Така што, целосно тој систем ќе биде пуштен и промовиран по Нова година и се надевам дека изборот на нова влада ќе биде долу во пленарната сала и со новата опрема со која е сè дигитализирано. Значи постапките се дигитализирани, начинот на гласање и апсолутно комплетно материјалите ќе одат електронски. Тоа ќе зависи сега од тестирањето што ќе покаже, сепак, нов систем е. Треба сите да се вклопиме, првичните сознанија за функционирањето да ги имаме сите за да може целосно да се префрлиме на работа со новата технологија, вели Џафери.

Собранието за време на пандемијата седниците ги одржуваше во Големата сала Купола, поради просторните услови кои ги нуди со цел запазување на мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, а пребројувањето при гласање се одвиваше рачно бидејќи во неа нема инсталирано систем за гласање.

Од мандатарот и иден премиер  Димитар Ковачевски, Џафери очекува коректна комуникција како од времето кога беше заменик министер, но сега, вели, во рамки на надлежностите како претседател на Влада.

– Јас мислам дека нема да има проблем во таа комуникација, ниту од негова, ниту од моја страна, затоа што нема причина тоа да не биде така, вели Џафери.

Во однос на тоа дали зголеменото парламентарно мнозинство ќе придонесе за поголема ефикасност на Парламентот, спикерот нагласува дека Собранието е сочинето од 120 пратеници, без оглед дали се мнозинство или опозиција, и одговорноста е на сите, но додава, ќе биде полесно да се организира работата на Парламентот од аспект на обебзедување кворум.

– Мнозинството е одговорно да организира и да биде на работа во смисла на она што е процесот на работа на пленарна седница. Опозицијата не може да одбегне дел од одговорноста по однос на работата на пленарните седници, затоа што сите ние сме избрани од граѓаните и овде сме 120 пратеници. Несогласувањата со определени предлози од мнозинството, опозицијата треба да ги искаже на пленарна седница или на комисија, а мора да се има предвидливост на почетокот и крајот на она што е законодавен процес. Одговорноста на мнозинството е во моментот кога се одлучува за определени прашања да обезбеди кворум. Секако ова мнозинство сега со 64 пратеници наспроти претходното, во секој случај дава можност да се има простор евентуално, ако некој од пратениците не е во состојба да присуствува во Собранието во момент на одлучување, да се има простор за планирање на работите, нагласува Џафери.

Во интервјуто за МИА, претседателот на Собранието Џафери говори и за можноста за онлајн учество на пратениците на пленарни седници, за т.н. глува соба,која што е потребна за работа на комисиите од областа на безбедноста и сигурноста, за Жан Моне процесот, како и за капацитетите на парламентарната дипломатија, особено во контекст на актуелните односи со соседите.

избор влада Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.