По завршувањето на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне, таму каде што застанал, со подготовка на изборите, вели во интервју за Телма, претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според овој став на Џафери изборите би требало да се одржат на почетокот на јуни.
Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател на Собранието, а во случајов и според уредбата е должна да постапи по роковите како што застанала. Евентуално во однос на она што Избирачкиот список бил ажуриран до 12 април, па ќе биде нов датум, кој ќе биде, до тој датум Изборниот законик, обврските на државните органи посебно МВР кај што е матичната служба имат периодична обврска на три месеци да достават извештај за ажурирање на Избирачкиот список. Изборниот законик вели дека сите граѓани кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години мора да бидат на Избирачки список по службена должност од списокот што ќе го достави дотичното Министерство до ДИК по распишување на изборите. Значи, тука нема никаков проблем во смисла на она што е санкционирање на состојбата, рече Џафери вечерва во гостување на емисијата Вин-Вин на ТВ Телма




