Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Пратениците ќе кажат дали да има јавна расправа за една изборна единица

0
By Biljana on March 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 24, 2022 13:48

Претседателот на Собранието Талат Џафери не одговори кога точно ќе биде закажана седницата на Комисијата за избори и именувања, на која пратениците треба да предложат имиња за четворица нови уставни судии.

На новинарско прашање, дали има најава кога ќе биде закажана седницата, Џафери само кусо одговори оти најава не може да има бидејќи за термините одлучувале претседателите на Комисиите.

Работата на Комисијата за избори и именувања долго време беше блокирана. Последниот состанок на ова работно тело се одржал во јули со една точка на дневен ред и тоа токму изборот на нови судии за Уставен. Поради несогласувања, тогаш пратениците ја прекинаа дискусијата, а набрзо потоа Комисијата прекина со работа поради распишувањето на локалните избори.

Дополнително, работата на ова тело се отежна и поради преструктурирање на владејачкото мнозинство во Парламентот, откако партијата БЕСА замина во опозиција.

Проблемот поради кој се закочи работата на Комисијата за избори и именувања, а голем број јавни функции останаа празни, вклучително и оние во Уставниот суд, беше нерамномерната распределба на составот на Комисијата чиј баланс се наруши поради пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели.

Собранискиот спикер Џафери уште во февруари го повика Зендели да ја напушти Комисијата за избори и именувања, порачувајќи му дека како пратеник на опозицијата не припаѓа во ова тело. Отакако Зендели не си поднесе оставка, тој на 3 март беше разрешен од учеството во ова работно тело. На негово место беше избран пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

На истата седница Комисијата доби и претседател, па сега комплетирана се очекува да почне со работа.

Инаку, Уставниот суд повеќе од девет месеци работи во отежнати услови и со преполовен капацитет, откако прво во јуни им истече мандатот на тројца судии, а на уште еден мандатот му истече во јануари годинава.

На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Законодавниот дом,  Џафери ги коментираше и предлог измените на Изборниот законик, за кои вели оти сметал дека треба да се донесат со консензус. Прашан дали ќе се прифати заклучокот донесен на Комисијата за политички систем, за организирање на јавна расправа по овој предлог, Џафери рече дека заклучокот прво мора да помине низ пленарна седница, а пратениците со мнозинство гласови ќе одлучат дали ќе има јавна расправа за измените на Изборниот законик.

„Ако предлог заклучокот од Комисијата биде изгласан од страна на Собранието тогаш може да се отвори јавна дискусија. Работното тело кое ќе ја организира јавната дискусија ќе се грижи за тоа предлог законот да се објави за да им биде достапен на граѓаните и на институциите, здруженијата на граѓаните и на политичките партии. Да обезбеди собирање на предлозите што биле изнесени на јавната дискусија и да подготви извештај за предлозите од јавната дускусија“, рече Џафери на денешниот брифинг со новинарите и додаде дека тоа матично тело веројатно би било Комисијата за политички систем.

Инаку, предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, при што државата би била една изборна единица вчера помина на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предлогот за една изборна единица беше изгласан со 11 гласа за, по што треба да следи и отворена јавна расправа за промена на овој модел.

(Б.Божиновска)

СОБРАНИЕ РСМ Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.