Собранискиот спикер Талат Џафери во врска со прашањето за пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, дали припаѓа на мнозинството или на опозицијата, денеска на брифинг со новинарите одговори дека бидејќи Реџепи во поднесената изјава се изјаснува како независен пратеник, тоа значи и дека „тој припаѓа на мнозинството“.
„Тој се изјасни дека излегува од партијата Алтернатива и од дента кога ми пушти писмо, тој се изјасни како независен пратеник во смисла дека веќе не почитува партиски одлуки од Алтернатива. Фактот што не се изјасни по однос на мнозинство или опозиција, значи останува официјално во мнозинството, бидејќи не се изјаснил по тој статус. Тој само се издвоил“, вели Џафери. (С.М.)