Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Во април да покажеме дека сме созреале како држава

0
By Нова ТВ on January 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Информирањето и охрабрувањето на граѓаните за важноста и за значајноста од нивното и вклучувањето на сите институции во успешното спроведување на пописот, не само што е потребно и неопходно, туку е и од витално значење за идното креирање на развојните политики на земјата, засновани врз прецизни податоци за да може да се направат макроекономски планирања кои ќе бидат од полза и за научните и другите истражувања меѓутоа и за напредокот на земјата.

Ова го истакна претсасдеталот на Собранието на РСМакедонија Талат Џафери во обраќањето на деншната средба организирана од Државниот завод за статистика за координација со државниот врв и градоначалници за координација во спроведувањето на претсојниот попис.

-Се разбира, Република Северна Македонија, како полноправна членка на Организацијата на Обединетите Нации, ги почитува обврските што произлегуваат од тоа членство и затоа спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе биде спроведено во согласност со донесените Меѓународни препораки подготвени од страна на Економската комисија за Европа на Обединетите нации и Евростат – статистички цели и за тоа, убеден сум дека се направени сите пред подготовки од страна на Државниот завод за статистика, како национален координатор на статистичкиот систем во земјава за спроведувањето на оваа операција, која за жал, во Република Северна Македонија не е реализирана во последниве 20 години, иако имаше обид во 2011 година кој што обид беше прекинат, рече Џафери.

Според него, на  пописот кој во демократскиот свет се гледа како на најскапа и најобемна статистичка операција кај нас се восприемна низ политичка призма.

-Дали е тоа така, зошто е тоа така, што доведе до тоа да во нашата земја, секоја постапка, секоја иницијатива, секоја вообичаена законска обврска се гледа низ политичкиот објектив, мислам дека нема да биде воопшто продуктивно и целисходно да зборувам сега за тоа. Затоа што за правата и обврските имаме Устав, имаме важечки закони, имаме ратификувани меѓународни Декларации. И затоа, во едно сум убеден и на тоа ќе инсистирам, Пописот не е и не смее да биде политичка операција. Редно е да се издигнеме над тој порив, редно е да се вброиме меѓу земјите кон чие што друштво и целиме, истакна Џафери.

Во прилог на ова, допдаде, е сериозноста со која сите институции, почнувајќи од Државниот завод за статистика, Министерствата кои за целите на пописот соработуваат со Заводот, Единиците на локалната самоуправа и сите чинители се вклучени во планирањето и подготовката на Пописот кој се рангира како активност од висок државен интерес за кој што во Собранието беше донесен и посебен Закон и врз основа на кој е и оваа денешна активност на информирање и давање на адекватна поддршка и вклучување на институциите од највисоко ниво.

-Секоја од нив има и дава огромен придонес во квалитетното спроведување на пописот, а резултатите од истиот ќе бидат одлична основа за донесување на закони и развојни политики засновани врз прецизни податоци кои повторно, ќе бидат од директна полза на граѓаните во единиците на локалната самоуправа, кои што врз основа на прецизни статистички податоци ќе можат да исползуваат доволен удел од буџетот за финансирање на локалните училишта, градинки, здравствени установи, културни установи, јавен превоз, патна, енергетска и друга инфраструктура која е од суштинско значење за граѓаните затоа што токму тие, во нивните секојдневија ќе можат лично и реално да ја почувствуваат успешноста или пак неуспешноста на локалната власт во олеснувањето и подобрувањето на квалитетот и стандардот на живот на нивните семејства и домаќинства. Пописот ќе овозможи рамномерно распоредување на јавните здравствени установи, училишните, спортските и културни центри, нагласи спикерот на Парламентот.

Во овој контекст,  додаде тој, од исклучителна важност е секој еден чинител во операцијата наречена Попис, да ја сфати неа со должна почит и сериозност и така и да пристапи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, од инструкторите, попишувачите и последните, меѓутоа најважните, граѓаните.

-Апелирам до нив да дадат поддршка на лицата ангажирани за пописот, да даваат точни податоци за присутните и отсутните членови на семејствата, да не се обидуваат да дадат неточни податоци затоа што давањето на лажни податоци, освен што е дело казниво со закон, на овој или оној начин, повторно ќе ни се врати на нас самите, како бумеранг. Да смогнеме сили, да го оставиме настрана нашето себично размислување и да се издигнеме над ситуацијата, да ги прифатиме резултатите од пописот и да се поместиме веќе еднаш од таа мртва точка на која сме заглавени со нашиот анахрон ментален склоп за да не дојде ред да правиме попис на иселени и преостанати жители во Република Северна Македонија. Се надевам дека месец април ќе биде потврда за тоа дека сме созреале како држава, после цели 20 години и дека сме спремни да бидеме полноправна членка на Европското семејство во блиската иднина, порача претседателот на Собранието Талат Џафери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.