Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Битола.
Како што највуваат од владината прес-служба, Џафери ќе ги посети Ректоратот при Универзитетот Св.„Климент Охридски“, Педагошкиот факултет, Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ и Студентскиот информативен центар.
Предвидено е техничкиот премиер Џафери да ги посети и НУ „Завод и музеј“- Битола – Спомен соба на Кемал Ататурк, како и Музејот на aлбанската азбука.