Американскиот рапер, Џеј Зи, подготвува документарен филм и документарен серијал за Травор Мартин, ненаоружаниот црн тинејџер кој во 2012 година на Флорида го уби белец.
Убиството на Мартин предизвика вжештена расправа за расните предрасуди и недостатоци во американскиот правосуден систем.
Убиецот на Мартин, Џорџ Зимерман, припадник на т.н. соседска стража, беше ослободен од обвинението за убиство со одлука на поротота.
Џеј Зи, сопругот на поп дивата Бијонсе, ги купи авторските права на двете книги во кои е раскажан овој случај.
Тој и продуцентската куќа „Веинстеин“ планира да снима документарен филм во шеста епизоди, а се разгледува и снимање на игран филм.