Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џереми Корбин реизбран за лидер на британската Лабуристичка партија

0
By Нова ТВ on September 24, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џереми Корбин беше повторно избран за лидер на британската лева Лабуристичка партија и покрај недовербата во врвот на оваа најголема опозициска партија во земјата, покажуваат официјалните резултати од конгресот на партијата кој се одржува во Ливерпул.

Со 61,8 отсто од гласовите, 67-годишниот Џереми Корбин го победи единствениот противкандидат 46-годишниот Овен Смит, речиси непознат пратеник од Велс, кој освои 38,2 отсто од гласовите на речиси половина милион делегати.

Корбин беше жртва на еден вид на дел од членовите на неговата партија кон крајот на јуни по брегзит референдумот. Но, наместо да излезе од политичката сцена, тој се врати зајакнат а аплаузите не стивнуваа откако беше прогласена неговата победа на конгресот.

Тој ги повика членовите да ги збијат редовите велејќи дека «треба да се работи заедно за да има вистинска промена».

«Во нашата партија имаме многу повеќе работи кои не зближуваат отколку што не оддалечуваат», рече тој.

Победата на Корбин се должи во голем дел на гласовите на новите членови на Лабуристичката партија. Околу 300.000 луѓе зедоа карти на партијата во текот на изминатата година.

Со новите 300.000 нови членови Лабуристичката партија стана најголемата партија во Европа.

Многумина беа привлечени од проектот за «демократска револуција». Левите идеи на Корбин привлекоа членови но привлекоа и обвинувања дека во партијата влегле и многу троцкисти и екологисти.

Корбин има голема поддршка кај партиските активисти, но не му е наклонет поголемиот дел од пратениците и врвот на партијата. Тие сметаат дека партијата се свртела многу лево и дека со таква идеологија не да може да се врати на власт.

Со новите 300.000 нови членови Лабуристичката партија стана најголемата партија во Европа.

Велика Британија Лабуристичка партија Џереми Корбин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.