Најдобриот начин да се спречи натамошно објавување на неовластено снимени материјали е дополнување на Законот за заштита на приватноста, во согласност со препораките на Венецијанската комисија пишува американскиот амбасадор Џес Бејли на Твитер .
Бејли пишува дека таквите материјали треба да ѝ бидат предадени на Специјалната обвинителка Катица Јанева и дека „загрозувањето на приватноста треба да биде истражено“.
Деновиве на социјалните мрежи се појавија приватни разговори на функционери и новинари објавени од непознати лица.