На 28.11.2021 во 14.50 часот на регионалниот пат помеѓу село Подмолје и влез за  автокампот „Андон Дуков”, патничко возило „ландровер”, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(75) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо”. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.