Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џонсон: Излезете на референдум и искористете го правото на глас

3
By Нова ТВ on September 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Излезете и искористете го своето право да гласате на референдум. Дајте им дознаење на вашите лидери дека ја поддржувате вашата нација и чекорењето на земјата на патот кон евроатлантските интеграции, порача денеска денеска американскиот сенатор Рон Џонсон по средбата што ја имаше во Владата, со премиерот Зоран Заев.

Сенаторот Џонсон нагласи дека во Македонија дошол за да ги охрабри граѓаните и како поддршка на целиот процес од решавањето на спорот за името до конечното интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Мошне е важно за Македонија и Грција да имаат решен спор за името. Двете земји имаат двајца храбри лидери, премиери кои вложија голем напор за да го решат овој спор. Тоа е единствениот начин на кој Македонија може да влезе во НАТО, истакна сенаторот Џонсон.

Тој ги охрабри сите македонски граѓани да го искористат своето право, да гласаат на референдумот кој ќе се одржи на 30 септември.

Во врска со отпорот, што кон Договорот го има и во Македонија и во Грција, но и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Ѓорге Иванов дека Договорот е штетен, Џонсон рече дека во Македонија доаѓа од Грција и увидел дека и таму има големо спротивставување кон Договорот.

– Овој спор траеше 27 години, премиерите на двете земји водеа тешки преговори, работеа со американската Влада, овој Договор е всушност одлука на Македонија, рече сенаторот Џонсон, кој е коспонзор на Резолуцијата на Сенатот на САД за поддршка на Договорот од Преспа.

Џонсон по средбата со Заев во Владата предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По германската канцеларка Ангела Меркел, во пресрет на референдумот во посета на Македонија престојуваа и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Луксембур Жан Аселборн како и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Републиканскиот сенатор од Висконсин, последен пат престојуваше во регионот во февруари, кога ги посети Белград и Приштина.

Џонсон во своите јавни настапи се залага за поголем ангажман на Вашингтон на Балканот и за интеграција на земјите од регонот во ЕУ и НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.