Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џорџија Мелони, италијански премиер во најава, нова главоболка за ЕУ

0
By Xhabir Deralla on September 23, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 23, 2022 11:06

Колку е поголема неизвесноста околу тоа како ќе се преживее енергетски зимава и што ќе му падне следно на ум на Путин, толку поизвесно станува дека Италија, третата по големина економија во ЕУ ќе биде раководена од Џорџија Мелони и нејзините „Браќа на Италија“, партија која не го крие своето потекло од нацизмот на Мусолини. Како и секоја екстремно десничарска партија, таа ќе тргне во поход против Брисел заедно во фронт со Орбан и Качински.

Мелони уште во 2020 гласно ѝ се спротивстави на ЕУ, обвинувајќи ја за кризата која ја донесе Корона вирусот. Во својот политички подем чести беа и настапите во кои таа ја напаѓаше ЕУ велејќи дека „видовме дека е можна алтернатива, дека поединечните земји-членки можат да се здружат на доброволна основа во духот на христијанската солидарност“, рече таа.

Повеќе од бескорисен, Брисел беше непријателски настроен, додаде таа. „Се соочуваме со најмоќниот и насилен напад против владите на суверените нации кои се противат на диктатурата на политички коректната идеологија“, изјави Мелони. Како пример, таа ги наведе обидите на ЕУ да ги казни Полска и Унгарија за демократско назадување и напорите „да се понижи британскиот народ кој слободно го избра Брегзит“.

Како премиер во најава, Малони сега се дистанцира од фашистичките корени на својата партија, но не и од нејзините радикално конзервативни ставови за миграцијата и правата на ЛГБТ и спроведувањето на владеењето на правото, па и преговорите со Британија по Брегзит. Како лидер на опозицијата, Мелони, иако беше цврста во поддршката на НАТО и Украина по целосниот напад на Русија во февруари, таа се спротивстави на санкциите против Кремљ откако тој го анектираше Крим во 2014 година. Во 2014 година, исто така, таа повика Италија да го отфрли еврото.

Како и да е, победата на Мелони ќе значи дека проблематичните во однос кон европските стандарди – Варшава и Будимпешта – ќе добијат нов пријател во Рим – што ќе му ја отежни работата на Брисел да врши притисок врз нив за прашања како слободата на медиумите или независноста на судството. Минатата недела, партијата на Мелони се приклучи на пратениците на Качински во ЕП  во гласањето против одлуката на Европскиот парламент да ја означи Унгарија како „не-демократија“. Според неа, Орбан победува многу пати со голема разлика во, според неа, еден „демократски систем“.

Покрај тоа што ги поддржува лошите момци во Европа, постои ризик Мелони и самата да се приклучи кон нивните редови. Изборната програма на нејзината партија за 2018 година предложи промена во италијанскиот устав што ќе го привилегира националното право над законодавството на ЕУ – директен предизвик за Брисел.

Инаку нејзините „Браќата на Италија“ како партија имаат корени во италијанската крајна десница. Основана од Мелони во 2012 година, партијата е идеолошки потомок на италијанското социјално движење формирано по Втората светска војна од поддржувачите на соборениот диктатор Бенито Мусолини. Двајца од потомците на Мусолини, неговата внука Рејчел и неговиот правнук Кајо Џулио Чезаре, беа дел од нејзините кампањи.

Се очекува таа да мора да владее со нејзините тешко предвидливи  изборни сојузници, екстремно десничарската партија Лига на Матео Салвини и Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Апропо Орбан

Кога сме кај Орбан, тој и денеска упати предупредување до Советот на министрите дека нема да го подржи новиот пакет санкции кои ЕУ го подготвува против режимот во Москва. ЕУ работи на нов пакет санкции откако Путин најави мобилизација на 300.000 резервисти и упати закани за употреба на нуклеарно оружје.

Што да се прави со Русите кои бегаат од Русија?

ЕУ е во дилема што да се прави со бранот на бегалци од Русија кои се обидуваат да ја одбегнат мобилизацијата. Дилемата е во тоа што во овој бран бегалци се воглавном мажи кои бегаат од мобилизација што претставува и опасност од инфилтрирање на голем број на руски агенти во земјите членки на ЕУ.

ЕУ со зголемен апетит за решавање на Косово

На Косово и во Албанија на големо се шпекулира за нов план кој треба да го реши косовското прашање.

Медиумите во Косово и Албанија шпекулираат за „нова рамка“ што произлегува од директното вклучување на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц во дијалогот, откако раководството на ЕУ очигледно заклучи дека „Косово и Србија никогаш нема да можат да го решат проблемот сами“.

Според овие шпекулации, во првата деценија од спроведувањето на договорот, Белград нема да мора да го признае, туку само да ја прифати независноста. Тоа би било доволно за авторите на планот, имајќи предвид дека прашањето за приемот на Србија во ЕУ нема да биде на дневен ред во догледно време.

Сепак, ова ќе наведе дека Белград мора да се воздржи од лобирање за непризнавање на независноста на Косово, како и од противење на пристапувањето на Приштина во меѓународните организации.

Тоа ќе му овозможи на Косово да влезе во Советот на Европа, во втората фаза, Интерпол и УНЕСКО, потоа НАТО и ЕУ и на крајот во Обединетите нации.

Тоа членство во ОН очигледно би било најпроблематично бидејќи не зависи само од Белград, туку и од позицијата на Русија, бидејќи Москва продолжува да изразува подготвеност да стави вето на секоја таква иницијатива.

Од своја страна, Приштина ќе се согласи да овозможи формирање на Заедницата на српски општини на крајот на 10-годишниот период, непосредно пред меѓусебното признавање. Здружението би видело создавање на српска структура на Косово, поддржана од Белград, нешто што Приштина вели дека е спротивно на нејзиниот устав и не успеало на друго место, т.е. во Босна и Херцеговина.

Планот, наводно, предвидува и прецизен редослед на настани во случај Белград или Приштина да не го прифатат документот, но тие детали не се објавени.

Нема јасна потврда за автентичноста на документот. Овој наводен план го објави новинарот Батон Хаџиу кои се смета за мошне близок до Еди Рама па оттука и верувањето дека тој план сепак постои.

Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.