Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ди пресе: Македонија- каде се бројат и мртвите души

0
By Нова ТВ on April 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 15, 2014 14:24

Весниците на германски јазик во критички тон известуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија. Посебно се на удар медиумската (не-)слобода и избирачкиот список.

Како што пренесува Дојче Веле на македонски јазик германски „Штутгартер цајтунг“ оценува: „Се чини дека на македонските досетливи властодршци им успеа операцијата ’реизбор‘. Како шефот на државата Ѓорге Иванов, и премиерот Никола Груевски едри кон сигурна победа на парламентарните избори. Но, националпопулистичките постојани победници ја водат својата земја сѐ повеќе во офсајд.

Со национална патетика, спорни престижни проекти и исклучување на медиумите кои се критички спрема владата, Груевски се здоби со сомнителниот глас на авторитарен властољубец. Но, билансот на неговите успеси е скромен. Згора на сето зло, властодршците натамошно ги оптоварија не само затегнатите односи со албанското малцинство, туку и со Атина. Некакво приближување кон ЕУ се чини подалечно од кога било досега“.

Австрискиот весник „Ди пресе“ под наслов: „Македонија: каде се бројат и мртвите души“, констатира дека „изборната увертира им успеа на македонските властодршци“ и оценува:

„Победникот на изборите Ѓорге Иванов се потпира врз спорен избирачки список. Опозицијата и префрла на владата дури и за ’систематска кражба на гласови‘. (…) Од 2006 година ВМРО веќе не загуби ниедни избори и во меѓувреме како сака ги контролира управата, правосудството и медиумите. Армијата од набљудувачи одвај да можеше да забележи неправилности. Но, кога ќе се отворат избирачките места, работата на манипулаторите на изборите на Балканот е веќе одамна завршена.

И во Македонија се поделени мислењата во однос на сомнителниот избирачки список. Се чини дека во мултиетничката земја се бројат и мртвите души. Списокот со речиси 1,8 милиони имиња опфаќа околу 90 проценти од населението како избирачи, збогатен и со починати и нови граѓани. (…)

На прашање од ОБСЕ, како е можно 30, 50 или дури и 70 нови избирачи да се пријавени во ист стан, властите не оставаат никаков сомнеж: истрагата што ја побара ОБСЕ никогаш не беше поведена. ОБСЕ констатира дека во Македонија нема јасна граница меѓу државата и партијата што е на власт“, пренесува Дојче Веле на македонски јазик, дел од пишувањето не „Ди пресе“ од Виена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.