Камени националните идентитети во Астана и Скопје: монументалност и политики, љубовна приказна без крај, пишува дописничката на РТС од Виена, Весна Кнежевиќ, во текст објавен во „Die Presse“.
Што имаат заедничко триумфалните капии во Скопје (Македонија) и Астана (Казахстан)? Какви политички пораки ги поврзуваат тие два млади архитектонски близанци од 21. век со големиот париски пример подигнат во слава на Наполеон пред двесте години?
Во каква политичка врска е париската Триумфална капија со роднините од доцната Антика?
Историско-естетските школи за копирање и прецртување подразбираат цел каталог на такви и слични отворени прашања. На ова место ќе стане збор само за нивната улога во купените, набавените, одбранетите, одработените или, воопшто, на кој било друг начин стекнати национални идентитети.
Астана: Во степата каде што пред сто години стоело само проширено одбранбено утврдување, се подига грандиозна архитектонска мешавина на локални со апсолутно сите можни европски традиции.
Скопје: Таму каде што некогаш живеел хеленистичкиот народ на Македонците, модерниот словенски народ на Македонците го повикува нивниот антички дух за да го вдахне во нови камени тотеми.
Зошто би служела воопшто историјата, кога би била само трагична? Од неа сепак се очекува и нешто малку забава на ниво на телевизиска сапуница, толку ни должи. Ако историјата не е повремено духовита, човештвото веќе одамна би се склопчило покрај неговата педагошка ученост и би скапувало од сувопарност.
Освен тоа, голем плус за минатото – тоа во голема мера се уште не е откриено, би рекол Ниче.
И така Казасите добија своја „axe historique“ среде степата. Од своја страна, Македонците низ Скопје посеаја 20-30 метри високи споменици, статуи, покрај тоа и службени згради и станбени фасади во стилот на популарната happy-hour архитектура.
Во првиот случај една традиционална азиска култура е обогатена со симболи на политичка моќ и власт, позајмени од врвот на европскиот класицизам. Вториот се сели во времепловот и патува право во хеленистичката антика, за да го помогне дистинктивно словенскиот идентитет на модерните управители на тој простор.
Казасите би сакале да заборават дека биле сиромашни, Македонците би сакале да заборават дека се сиромашни. А денеска да се биде сиромашен – тоа чини.
… Првата жртва во процесот на стекнување на националниот идентитет и онака е секогаш добар вкус. Зошто тоа треба да биде сега поинаку?
На питање, како и у којој мери модерне политичке власти данас гледају на историју архитектуре и архитектонских споменика као на самопослугу империјалних симбола, не може се одговорити у једном тексту. Оно што је извесно је – тамо где влада монументални стил, лако се прикачи и политички програм.
На прашањето за тоа како и до кој степен модерната политичка моќ денес гледаат во историјата на архитектурата и архитектонските споменици, како на супермаркет со империјални симболи, не може да се одговори во еден текст. Она што е извесно е – таму каде што владее монументалниот стил, лесно се прикачува и политичка програма…, пишува Кнежевиќ во Ди пресе.




