Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дигитализирани векови стари македонски ракописи, веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари

0
By Ана Василевска on January 18, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проектот, поддржан со буџетски средства, преку кој што се овозможува трајно заштитување и дигитализација на околу 5 милиони записи со стари македонски зборови, дијалекти и записи, кои се дел од нашето духовно богатство е завршен.

На денешниот настан по повод завршување на проектот за дигитализација на картотеки на зборови на македонски јазик, присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Грујоска Јованова.

Овие записи со изворни македонски зборови и изрази на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ датираат од периодот на 14 и 15 век. Со проектот овие записи веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари, туку ќе се чуваат во дигитална форма, со што ќе се обезбеди нивно понатамошно зачувување како непроценливо национално богатство.

За овој проект е обезбеден вкупен буџет во износ од 14 милиони денари, за кој преку Фондот за иновации и технолошки развој се обезбедени 9 милиони денари, додека  Министерството за култура на Република Северна Македонија учествува со финансиски средства во износ од 5 милиони денари. Спроведувањето на проектот траеше од декември 2021 година се до декември 2022 година, а го реализираше Архивскиот дата центар „Инбокс“, во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој.

Премиерот Ковачевски истакна дека на овој начин, Владата обезбедува континуитет во зачувување на нашите културни вредности.

„Македонскиот јазик е аманет со кој треба да се гордееме бидејќи само преку негувањето и зачувувањето на нашиот јазик и неговата изворна содржина, ќе може да го зачуваме и сопствениот идентитет, за кој се избориле генерациите пред нас, а нам нѝ е оставен како завет од кој не смее да се откажеме.

Како Влада која одговорно се однесува кон зачувување на историските и културните вредности, докажуваме дека и понатаму ќе се грижиме и ќе овозможуваме зачувување и конзервација на нашите идентитетски вредности, кои нѐ прават да бидеме исклучителни во својата уникатност во светската ризница на културни и идентитетски вредности“, изјави премиерот Ковачевски на настанот, изразувајќи големо задоволство од реализацијата на проектот.

Набројувајќи ги проектите на Владата во насока на негување на македонскиот јазик, премиерот Ковачевски потенцираше дека македонскиот јазик денес е официјализиран во ООН и ЕУ.

„Денес, јасно и гласно, во официјални изјави, прецизно се употребува терминот „македонски јазик“ којшто е рамноправно застапен, заедно со сите други европски јазици во Европската Унија, за што прв доказ е договорот ФРОНТЕКС. Почетокот на преговорите со ЕУ и со тоа преводот на целокупното европско  законодавство на македонски јазик е конкретното признание на македонскиот јазик што го очекувавме – и осигуравме.

Носејќи државнички одлуки, го обезбедивме и европското и светското признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, со што верувам би се гордеел и нашиот ценет Конески“, рече премиерот Ковачевски.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, го потенцираше значењето на реализацијата на проектот.

„Со овој комплексен проект, кој се реализираше со средства на Министерството за култура и Владата преку Фондот за иновации и технолошки развој, направивме еден историски зафат за да спасиме непроценливо богатство. Заштитени се обемни картотеки од различни области на македонскиот јазик, дигитализирани се 12 збирки, создадени се 425 микрофилмови, преку кои е зачуван целиот дијалектолошки и ономастички материјал на македонскиот јазик. Со дигитализацијата се овозможи секој запис од картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да се најде во дигитална форма и да се создаде копија од оригиналот“, истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ културно наследство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.