Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дијалогот со Бугарија да се базира во духот на европските вредности и со наратив насочен кон иднината

0
By Mirjana on April 30, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 30, 2022 08:49

Дијалогот со Бугарија мора да се базира на европски вредности, почит и достоинствен разговор. Владите на двете земји, кои се европски ориентирани, имаат обврска да наметнат наратив кој ќе биде позитивен и насочен кон иднината, што ќе овозможи отпочнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Државава долгорочно се вложи во овој процес и е целосно конструктивна, но топката не е во нашиот двор туку во Софија. Овој процес ќе зависи и од тоа дали ЕУ ќе преземе стратешко лидерство по ова прашање.

Ова се главните пораки во однос на евроинтегравните процеси на државава и прашањето со Бугарија, што беа упатени од премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи на Форумот „100 дена Влада“.

Говорејќи за патот кон ЕУ, премиерот Ковачевски на Форумот по повод 100 дена од мандатот на неговата Влада, рече дека како држава во изминатите триесет години имаме направено многу и се имаме откажано од многу, се со цел да ги исполниме критериумите за членство во ЕУ, што го потврдуваат четирите позитивни извештаи на ЕК за државата.

– Значајна е поддршката што постојано ја добиваме од Германија, Франција, САД и сите земји членки на ЕУ, но членството зависи од консензус. За жал, ние имаме предизвик со соседна држава, заради ветото кое минатата бугарска Влада го стави на отпочнувањето на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, успехот на отпочнатиот дијалог со Бугарија и успехот на едно одржливо решение може да биде направено само врз основа на разговор, што се базира на европски вредности, меѓутоа и на принципи на почит помеѓу институциите и граѓаните и принципот на достоинство, каде што двете страни мора да го чуваат и негуваат достоинството на граѓаните на двете држави.

– На тој начин, дијалогот ќе биде позитивен и со резултат што ќе овозможи основа за градење на идни одлични односи помеѓу две соседни држави кои одат напред како членки на ЕУ, рече Ковачевски.

Вицепремиерот Маричиќ од своја страна истакна дека во преговорите со Бугарија првпат годинава воспоставивме систем на рационални разговори, кои се водат на повеќе теми.

– Процесот престана да биде заробен само од одредени прашања, пред се поврзани со историјата и тој нов пристап и нова енергија мислам дека даваат резултати, без разлика на сите пречки, изјави Маричиќ.

Во однос на подготвеноста за почеток на преговорите, Маричиќ рече дека во редовните извештаи кон ЕУ имаме некое ниво од 45 проценти на подготвеност или усогласеност со системот на Унијата и нивото на подготвеност според последниот извештај е највиско во регионот и дури е повисоко од некои земји кои веќе преговараат, како Србија и Црна Гора.

– Имаме добра стартна позиција, но многу е важно да ни се даде прилика да почнеме. Нашите европски интеграции премногу долго се жртва на билатерални политички прашања и затоа е време што поскоро да ги затвориме тие прашања на правилен и достоинствен начин, за да можеме да се посветиме на вистинските реформи и европеизација на нашето општество, изјави Маричиќ.

Зборувајќи за изгледите за напредок во евроинтеграциите, Маричиќ рече дека со Бугарија се подобрени односите и интензивирана е комуникацијата, и дека петте работни групи имаат направено многу.

–  Таа енергија треба да ја искористиме за време на француското претседателство да се обидеме да направиме сериозен напредок и решение, рече Маричиќ.

Добриот контекст, според него, е дека токму Франција претседава со ЕУ, затоа што е една од највлијателните држави во ЕУ, а францускиот претседател Емануел Макрон, лично се залага за напредок на евроинтеграците на Западен Балкан, особено по воведувањето на новата методологија.

– Мислам дека траекторијата на движење што е воспоставена со новиот пристап со Владата на Бугарија, е единствена која што може да не доведе до некаков успех. Сите пречки кои се јавуваат по патот го гледам како напори на радикалните националисти од двете страни на границата да не успееме, изјави Маричиќ.

Тој изрази подготвеност за продолжување на разговорите, истовремено грижејќи се за нашите клучни национални интереси.

–  Наш клучен национален интерес е заштита на македонскиот јазик и идентитет, но исто така клучен национален интерес, заедно со таа заштита на идентитетот, е да ги почнеме преговорите за членство после 17 години, изјави Маричиќ.

На Форумот „100 дена Влада“, на прашањето до министерот Османи дали во контекст на ветото од страна на Бугарија, кое според очекувањата на јавноста треба да се разреши за време на француското претседателство со ЕУ,  Владата размислува да ги стави преговорите со ЕУ во мирување доколку во јуни нема разрешница и кои се натамошните перспективи, тој посочи дека зачленувањето во ЕУ е консензуално утврдена стратешка цел на државата и дека ќе продолжат напорите во насока на изнаоѓање на начини да се надминат пречките и да се постигне целта.



Што се однесува до војната во Украина, посочи Османи, таа беше силен удар за глобалната безбедност и сигурноста, но Северна Македонија како кредибилен НАТО член покажа зрелост да се соедини со демократскиот свет во осудата на руската агресија, да покаже солидарност со Украина и да се приклучи на санкциите на ЕУ.

– Со ова постигнавме целосна усогласеност со надворешната политика со ЕУ. Обезбедивме помош за Украина од секаков вид, отворивме граници за бегалци, а очекуваме во Влада да помине одлука за проактивно прифаќање на бегалците, истакна Османи.

Во однос на прашањето за односите со Бугарија, министерот за надворешни работи посочи дека во овој процес постигнавме многу.

– Се вложивме во овој процес – долгорочно. Ние сме целосно конструктивни, но топката не е во нашиот двор туку во Софија. Овој процес ќе зависи и од тоа дали ЕУ ќе преземе стратешко лидерство по ова прашање, подвлече шефот на дипломатијата

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ ДИЈАЛОГ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.