Претставници на Владата и синдикатите денеска продолжија со дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи на почетокот на состанокот посочи дека дијалогот во никој случај не е прекинат. Преговорите во последниот период се водеа по гранковите синдикати и надлежните Министерства, како и дека Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес, нагласуваат од таму, „никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и, секако, ефективноста на јавната администрација“.На состанокот беше најавено формирање на работни групи кои ќе работат на дефинирање на моделот за плати кој ќе осигурува раст на платите на долг рок, но и методологија која ќе ја следи продуктивноста на вработените.




