Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Досега 5.909 пријави за гласање во странство

0
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 3, 2016 14:58

Државната изборна комисија соопшти дека во тек е пријавувањето за гласање на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, јавниот увид во Избирачкиот список, како и пријавувањето на 29.858 граѓани за запишување во Избирачкиот список, чиј рок е до 24 часот на 11 ноември.

– Заклучно со денеска, 3 ноември, до 14 часот, преку веб апликацијата на ДИК поднесени се вкупно 5909 пријави од граѓани за гласање во странство. Од нив, 5379 пријави се прифатени, 132 се одбиени, а останатите се во обработка, се вели во соопштението.

ДИК напоменува дека најголем дел од одбиените пријави се одбиени бидејќи граѓаните наместо документ издаден од надлежен орган на странската држава, како доказ во својата пријава приложиле документ издаден од орган на Република Македонија.

ДИК ги потсетува граѓаните дека документи кои се прифаќаат како потврда за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се следниве:

– Лична карта, издаденa од надлежен орган на странска држава,

– Потврда издадена од надлежен орган на странска држава, за живеалиште, престој или адреса на лицето во странската држава,

– Дозвола за работа издадена од надлежен орган на странска држава,

– Работна, студентска или виза за престој над три месеци во странска држава,

– Возачка дозвола издадена од надлежен орган на странска држава, во која е наведено дека лицето има живеалиште во странската држава,

– Македонски дипломатски пасош или друг документ со кој се докажува дека лицето е вработено во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и

– Друг документ со кој се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

До вчера, 2 ноември, до 19:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ државата јавен увид во Избирачкиот список извршиле вкупно 1358 граѓани.

Во однос на пријавувањето на 29.858 граѓани чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти во Избирачкиот список, ДИК информира дека заклучно со денеска, 3 ноември, до 14:00 часот, преку веб апликацијата пријавување за запишување во Избирачкиот список извршиле вкупно 214 граѓани. Од нив, 161 пријава се прифатени, 1 е во обработка, а 52 се во фаза на разгледување, соопштија од ДИК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.