Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

0
By Marija Todorovska on August 22, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје. ДИК продолжи со работата по преостанатата четврта точка од дневниот ред на 130. седница. Денеска беше кажано дека од правната служба на ДИК било добиено писмено известување со мислење по барање на членот на ДИК, Дитмире Шеху.

За четвртата точка – предлог упатство за пополнување на образец на листи за членови на совет на општина, односно членови на совет на Град Скопје, „за“ гласаа петмина членови, а еден „против“.

 Согласно Изборниот законик и Деловникот, ДИК одлучува со мнозинство гласови. Констатирам дека од избраните членови на ДИК – седум, шест се присутни на оваа седница, пет гласаа „за“, еден гласаше „против“. Според тоа, оваа одлука е донесена со пет гласа „за“ и еден „против“. Она што се повикувате процедурално на членот 31.34г беше иницијално на првата седница, кога побаравте да се гласа со консензус, бидејќи немаше консензус, ја спроведовме оваа дополнителна постапка и го добивме мислењето. После тоа веќе немаме законски услови да бараме гласање со консензус, туку со мнозинство гласови, рече претседателот Борис Кондарко, по излагањето на Шеху.

Согласно Изборниот законик, како што истакна Кондарко, натамошна правна процедура по правен лек е дозволено со право на тужба до Управниот суд од страна на членот на ДИК, кој има спротивно мислење од ваквата одлука на ДИК.

Дик Советници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.