Published: Saturday, March 19, 2016 22:08
Државната изборна комисија едногласно го усвои експертскиот извештај од вкрстената проверка на Избирачкиот список, односно на базите со податоци на Министерството за внатрешни работи и на десет други институции.
Анализата покажала дека некознистентни се податоците што се однесуваат на околу 310.000 гласачи, јавува Телма.
Претходната бројка што излезе во јавноста, од безмалку половина милион спорни гласачи, повеќе членови на ДИК ја објасниле како земена од прелиминарниот извештај, во кој споредбата била правена со базата на државјани на Македонија, а не според базата на МВР, која е помала за 120.000 луѓе.
Комисијата расправа поединечно за секоја категорија, за да одлучи дали ќе има теренска или административна проверка.




