Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК го утврди изгледот на гласачкото ливче

0
By Zoran Ivanov on April 11, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2024 20:50

Државната изборна комисија,ДИК, го утврди изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на Република Северна Македонија и за изборите за пратеници.

Согласно законската обрска, гласачкото ливче се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Името на подносителот на листата, името и презимето на кандидатот односно носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

За припадниците на заедниците, името на подносителот на листата, името и презимето на кандидатотл односно носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и на јазикот и писмото на заедницата на која тие припаѓаат.

Во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик гласачките ливчиња за избори се печатат покрај на македонски и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Согласно членот 94 од Изборниот законик, на гласачкото ливче ако има кандидати односно носители на листа со исто име и презиме, тогаш се наведува и почетната буква на нивното средно име.

На гласачкото ливче кандидатите, односно поднесителите на листи се наведени по оној редослед кој е утврден во единствената листа на кандидати. Гласачкото ливче содржи дел за гласање и дел кој останува на кочанот.

Членот 95 предвидува делот од гласачкото ливче за гласање за избор на претседател на Републиката содржи назив на гласачкото ливче, општина и број на гласачкото ливче за гласањето во Република Македонија, назив на гласачко ливче и седиште на дипломатско-конзуларно претставништво во странство, реден број, име и симбол на подносителит на листата ако го има.

Делот на гласачкото ливче што останува на кочанот на блокот го содржи серискиот број на гласачкото ливче, општината, односно седиштето на дипломатско-конзуларно претставништво, односно конзуларните канцеларии и бројот на гласачкото место. Во називот на гласачкото ливче е содржано знамето на Република Македонија.

Членот 96 од Законикот се однесува на гласачкото ливче за пратеници и делот од гласачкото ливче за гласање на пратеници содржи назив на гласачко ливче, број на изборна единица, општина и број на гласачко место, реден број, име и симбол на подносителот на листата ако го има, името и презимето на носителот на листата врз основа на податоците од матичната евиденција.

Делот од гласачкото ливче кое останува на кочанот на блокот, содржи сериски број на гласачкото ливче, број на изборната единица, општината и број на гласачкото место. Во називот на гласачкото ливче се содржани бројот на изборна единицаи знамето на Република Македонија.

ДИК утре ќе спроведе ждрепка и за редните броеви на гласачкото ливче за Парламентарните избори закажани за 8-ми мај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.