Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Излезеноста до 15 часот за претседателските избори 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44 проценти

0
By Marija Todorovska on May 8, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: dw.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за претседателските избори од 2 271 избирачки места. Од вкупно запишани 1 172 912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 или 33,73 отсто. За парламентарните избори се пристигнати податоци од 2 136 избирачки места. Од вкупно запишани 1 113 441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416 915 или 37,44 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Според ДИК, најголема излезеност за претседателските избори има во Новаци, 52,32 процента, а најмала во Липково, 3,60, додека за  парламентарните избори најголема е излезеноста во Крива Паланка, 58,18 отсто, а најмала во Центар Жупа, 13,74.

-Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година има зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%. Споредбено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезеноста од 5.66 % на овие избори, информира ДИК.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е: ИЕ 1 42.31 отсто, ИЕ 2 – 36,69, ИЕ 3 41,02, ИЕ 4 – 36,88, ИЕ 5 – 35,95 и ИЕ 6  – 29,14 отсто.

-До овој момент до ДИК се доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 176 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, наведува ДИК.

Државната изборна комисија потсетува дека овој изборен ден го следат 1 303 домашни и 860 меѓународни набљудувачи, како и 83 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44 на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија. Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

гласање Дик излезност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.