Дополнителни 124 милиони и осум илјади денари од Буџетот ќе побара Државната изборна комисија, финансиски средства кои им се неопходни за реализација на изборите за претседател на државата , закажани за 13 април годинава.
Вкава одлука била донесена на денешната седница , по усвојување на предлог Финансискиот план за распределба на средствата за избор на претседател на државата, како и по прифаќањето на Годишниот план за вкупните јавни набавки на ДИК. До обезбедување на овие буџетски средства, како што се посочува, ДИК нема да може да врши јавни набавки.
ДИК го усвои и предлог Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите. Овој подзаконски акт кој ја регулира соработката на Комисијата со МВР е надополнет со барањата полицијата да не дозволува задржување на неовластени лица пред и на гласачките места, како и да има стандардизирана службена униформа.




