Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за утврдување на трошоците за изборните активности на претстојните претседателски избори.
На седницата ќе се расправа и за јавниот повик за увид во Избирачкиот список за државјаните кои се на привремена работа во странство и за пријавување за гласање на претседателските избори.
На дневен ред на седницата е и предлогот за изглед на Избирачкиот список.

