Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК ќе поднесе прекршочна постапка за Ѓорѓе Иванов

0
By Влатко Чаловски on March 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 25, 2014 14:26

Со 4 гласа „за“ и 3 „против“, Државната изборна комисија го прифати приговорот на СДСМ кои наведоа дека актуелниот шеф на државата со својот отчет предвреме ја започнал изборната кампања.

Воедно, вториот приговор на Социјалдемократскиот сојуз, кој се однесуваше на отчетот на владата на ВМРО-ДПМНЕ со кој предвремено ја започнале изборната кампања е одбиен со 2 гласа „за“ и 4 „против“.

На денешното разгледување на овие приговори, следеше жестока расправа помеѓу членовите. Сашо Срцев на самиот старт побара да се отфрли приговорот образложувајќи дека во него има правни недостатоци, но со одбивање за неговиот предлог со 4:3, ДИК продолжи со расправа.

Виолета Дума напомена дека промовирањето на отчетот на Иванов на 14.3.2014, се случи на истиот ден кога бил утврден како кандидат за претстојните претседателски избори, на што опонираше Влатко Сајкоски кој рече дека седницата за тоа време траела со што немало никаков прекршок.

Анета Стефановска пак, ја обвини најголемата опозициска партија, СДСМ дека „од успешната политичка кариера на Иванов, со ваквите приговори, партијата сака да креира своја кампања“.

– Мандатот на Иванов е до 12.мај 2014, така да тој има законска обврска за својот отчет и како претседател има право на тоа, беше еден од аргументите на Стефановска.

Претседателот на Комисијата, Никола Рилкоски потенцираше дека бил кој друг ден пред утврдувањето на кандидатите од страна на ДИК, да е направен отчетот немало да има никаков прекршок, но вака воопшто не станува збор за отчет од затворен тип, особено што бил презентиран пред камерите. Потенцираше и дека Иванов го злоупотребил државниот буџет за финансирањето на отчетот.

Вториот приговор, за владиниот отчет е одбиен со аргументи дека не биле утврдени пратеничките листи, кои воедно ја бираат владата.

„Согласно членот 69а како и дефинициите во Изборниот законик објавувањето и дистрибуирање на печатени материјали со кои се промовираат ставови, програми, платформи и достигнувања на политичките партии и коалиции се смета за изборно медиумско претставување што претставува предвремено отпочнување на изборната кампања“, посочија неодамна од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.